3 Услуги
Рамка 3.11
Пример на случај: Поврзување на клиничките и услугите
водени од заедницата во Тајланд
Сестри, регистрирана организација предводена од трансродни лица, им обезбедува ХИВ,
здравствени и услуги за човекови права на заедницата за трансродни жени во Патаја, Тајланд.
Сестри даваат информации за хормонската терапија, вклучувајќи процедури за подобрување
на родовите како влезна точка за зголемување на примената на ХИВ-тестирање и прегледи
за СПИ. Организацијата соработува со сопственици на локални ноќни клубови, салони за
убавина, места за забава во живо и други популарни места за организирање на мобилни HTS
услуги во нивните простори. HTS услугите исто така се обезбедени и во дроп–ин центрите
на оваа организација. Обучени транс-советници обезбедуваат доверливо советување пред
и по тестирањето, а брзите ХИВ-тестирања кои земаат крвни примероци од прст и од вена се
администрираат од сертифицирани транс советници, професионална медицинска сестра и
лабораториски техничар. Оние кои по тестирањето се дијагностицирани како ХИВ позитивни
се упатуваат на локалните здравствени и социјални установи за услуги за нега, поддршка и
третман.
Во 2015 година, 154 транс-жени добија мобилни HTS услуги, а 435 се добиени во дроп–ин
центрите на организацијата. Со подобрување на пристапот до здравствени информации и
услуги, организацијата исто така помогна поголем број транс жени да бараат медицинска
нега во партнерските клиники на Сестри.
Рамка 3.12
Пример на случај: Самостојно тестирање во Кина
Guangzhou Tongzhi (GZTZ), со поддршка од Guangzhu центарот за контрола на болести
и превенција, спроведува ХИВ услуги за тестирање во пет градови во јужна Кина. GZTZ
исто така ја води веб-страницата www.GZTZ.org. Тоа е прва и најпознатa веб-страница
на Кина за трансродни луѓе и мажите кои имаат секс со мажи и најмногу се користи за да
обезбеди здравствено образование и за спроведување анкети меѓу овие заедници. Од 2014
година, GZTZ обезбедил поддршка за самостојно тестирање на ХИВ преку испраќање на
ХИВ-комплети за самопробни тестирања на клиентите и обезбедување онлајн поддршка
и информации, пред-тест информации и советувања по тестирање, упати за понатамошно
ХИВ тестирање и дијагноза и информации за тоа каде и како да се побараат дополнителни
услуги за поддршка. За пет месеци GZTZ продал 199 комплети за само-тестирање за ХИВ
на корисниците во провинцијата Гуангдонг за 23 долари, вклучувајќи и враќање на депозит
од 16 долари по поднесување на повратни информации по само-тестирањето. Од 199
купувачи, 174 поднеле повратни информации преку интернет. Од нив, четворица пријавиле
дека имаат позитивен резултат од тестот и шест лица, кои можеби не го сториле тоа на овој
начин, побарале понатамошна нега во просторите на GZTZ.
Извор: Консолидирано упатсво за услуги за ХИВ тестирање. Женева: СЗО; 2015.
123