My first Publication TRANSIT tool | Page 116

3 Услуги Користењето различни супстанции и алкохол се поврзани со морбидитетот и морталитетот меѓу транс луѓето. Употребата на контаминирана опрема за вбризгување создава значителен ризик од инфекцијата. Дополнително, употребата на алкохол и други супстанции често го спречува капацитетот за преговарање или да користи превентивни практики. Пружање на сексуални услуги со цел да се пристапи кон лекови или алкохол исто така го зголемува ризикот од инфицирање. Рамката 3.7 опишува некои скрининг алатки за користење на супстанции кои можат да помогнат да се утврди дали е потребна понатамошна грижа и поддршка. Рамка 3.7 Алатки за скрининг на користењето на супстанциите Тестот за идентификација на пореметувањата поради користење на алкохол ( AUDIT – C) е алатка од 10 прашања, развиена од страна на СЗО за да ги прикаже опасните или штетните дејства од користењето на алкохол: http://www.integration.samhsa.gov/AUDIT_screener_for_alcohol.pdf Водичот за интервенции mhGAP за ментални, невролошки и пореметувања поради користење на супстанции во неспецијализирани здравствени установи вклучува протоколи за клиничко донесување одлуки: http://www.who.int/mental_health/publications/mhGAP_intervention_guide/en е алатка со 5 прашања за да ја прикаже употребата на дрога и алкохол. Доколку едно лице одговори потврдно (ДА) на две или повеќе прашања, се препорачува целосна проценка: CAGE-AID http://www.integration.samhsa.gov/images/res/CAGEAID.pdf Тестот за скрининг на злоупотреба на дроги (DAST-10 ) е инструмент за проверка само – извештај со ДА / НЕ од 10 точки кој трае помалку од 8 минути и може да се користи со возрасни и постари млади лица: http://www.bu.edu/bniart/files/2012/04/DAST-10_Institute.pdf Програмите за размена на игли и шприцеви се најисплатливи и најверојатно ќе го зголемат примарниот здравствен пристап и ќе спречат други чести инфекции. Обезбедување на игли и шприцови, на пример преку програми за размена, не ја зголемува иницијацијата, продолжувањето или зачестеноста на употребата на супстанции. Давателите на ОСТ треба да ги проценат сите лекови што ги земаат клиентите за да видат дали има потенцијални интеракции со супстанциите. Ако транс-жена зема естроген за феминизација и исто така има потреба од ОСТ, здравствените работници мора да размислат за можните интеракции со останатите лекови. Ако поединецот е ХИВ позитивен и прима АРТ, здравствениот работник исто така мора да ги земе предвид потенцијалните интеракции помеѓу антиретровирусите и ОСТ (види секција 3.3.9). Исто така, видете ги Упатствата на СЗО за психосоцијално помошен фармаколошки третман за опиоидната зависност. 115