3 Услуги
3.3.5 Сексуално и репродуктивно здравје
Кога се обезбедуваат услуги за сексуално и репродуктивно здравје на
трансродните лица, важно е да се отсликаат термините што поединецот ги
користи за да го опише своето тело и гениталии. Тоа помага да се воспостави
поврзаност, свест и доверба помеѓу здравствениот работник и транс-
индивидуата.
Протокол за примарна грижа за трансродните пациенти
Центар за извонредност на здравјето на трансродните лица,
Универзитет на Калифорнија, Сан Франциско 15
Услугите за сексуално и репродуктивно здравје се суштинска компонента
на основните здравствени услуги кои треба да им се обезбедат на сите
трансродни лица, како и на сите лица кои не се трансродни. Трансродните
луѓе, како и сите луѓе, треба да бидат способни да донесуваат одлуки во
однос на нивното сексуално и репродуктивно здравје без дискриминација,
принуда или насилство.
Откривањето на родовиот идентитет не е исто како и укажувањето на
физичката анатомија, сексуална историја или желбите за плодност на
едно лице. Покрај тоа, родовиот идентитет и сексуалното однесување
може да бидат променливи и да се променат и редефинираат со текот на
времето. Здравствените работници мора да се воздржат од претпоставки за
трансродните луѓе и видот на сексуална активност во која можат да бидат
ангажирани, а наместо тоа треба да работат на развивање на извештај за
отворена дискусија.
Историја на сексуалното здравје
Земањето предвид на историјата на сексуалното здравје е суштински
дел од спроведувањето на испитувањата за сексуално и репродуктивно
здравје. Тоа е особено важно кога се одредува кои делови од телото треба
да бидат прегледани за сексуално преносливи инфекции, вклучително и
ХИВ. Кога разговараат за сексуални практики, здравствените работници
треба да поставуваат отворени прашања и да не претпоставуваат за
анатомијата или сексуалните практики на нивните клиенти. Од суштинско
значење е да се побара разјаснување на прашањата, наместо да се погаѓа
или претпоставува што навистина мислело лицето. Во исто време, како
и со другите клиенти, важно е да се постават само оние прашања кои се
релевантни за обезбедување здравствена заштита.
Секое медицинско испитување треба да се спроведува во почитувана,
приватна средина и само тогаш кога е потребно. Особено, гениталниот
преглед и собирањето примероци може да бидат непријатни или
вознемирувачки за трансродните луѓе, без оглед на реконструктивната
хирургија на гениталиите. Здравствените работници треба да го отсликуваат
јазикот што нивниот трансроден клиент го користи за да се опише себеси и
своето тело. На пример, ако транс-жена кажува дека партнерот има анален
15. http://transhealth.ucsf.edu/trans?page=protocol-00-00.
116