3 Услуги
Хормони
Дополнителен извор на ризик за вбризгување кај транс луѓето е
вбризгувањето на хормони. Транс луѓето кои не можат да добијат хормони
од легитимен извор може да вбризгуваат хормони од друг извор. Важно е
транс луѓето да имаат пристап до хормони и други родово здравствени
услуги од надлежен здравствен работник. Покрај тоа, од клучно значење е
да имаат пристап до потребната опрема за да се изврши безбедно
вбризгување, како и кај секој кој има лекови кои се вбризгуваат.
Рамка 3.6
Пример на случај: Работилници за само – вбризгување во САД
Callen-Lorde Здравствениот центар во Њујорк започна со нудење на работилници за
самоивбризгување во 2015 година за да ги поддржи своите повеќе од 4.000 транс и родови
неусогласени клиенти. Слободните хормонски работилници за безбедно вбризгување ги
учат клиентите кои добиваат хормонска терапија со инекции како правилно и безбедно да
ги вбризгуваат своите хормони дома. Секоја работилница трае околу 1-1,5 часа и е олеснета
од страна на едукатор за пациенти и подучена од лиценцирана практична медицинска
сестра. Теми на дискусија се чекор-по-чекор инструкции за самоивбризгување, едукација за
употреба на правилни игли и важноста на хигиената и ротација на местото на вбризгување
за да се спречи инфекција или иритација.
Една од најкритичните компоненти на работилниците е да им помогне на клиентите да ги
ублажат своите стравови од игли и самовбризгувањето во доверлива и подржувачка средина.
За да се одговори на ова, се користи импровизирана рака за вбризгување со цел да им се
овозможи на учесниците да се чувствуваат поудобно со процесот пред да се инјектираат.
Учесниците, исто така, се испраќаат дома со литература за здравствена едукација и комплет
за практикување на вбризгувањето дома.
Работилниците за самовбризгување до сега им помогнале на над 50 клиенти, а нивната
фреквенција е двојно зголемена како одговор на зголемената побарувачка. Резултатите од
тестовите за пред-и пост-работилници и анкети за повратни информации покажуваат општо
зголемување на знаењето и довербата меѓу учесниците, како и задоволство од овој стил на
настава.
www.callen-lorde.org
Користење алкохол и други супстанции
2014 Консолидирано упатство за клучните популации
Сите клучни популации кои користат алкохол или некои други супстанции
треба да имаат пристап до интервенции базирани на докази, вклучувајќи
и кратки психосоцијални интервенции кои опфаќаат проценка, специфичен
повратен одговор и советување.
Употребата на супстанции, насилството и ХИВ се меѓусебно тесно
поврзани за трансродните жени и се покажа дека го зголемуваат ризикот
од сексуално однесување и ХИВ инфекција, го намалуваат придржувањето
кон антиретровирусната терапија и ја зголемуваат веројатноста да имаат
детектабилни вирусни оптоварувања. Транс луѓето имаат повисоки стапки
на употреба на супстанции отколку кај општата популација. Ова е поврзано
со социјалните предрасуди, дискриминаторски закони и недостаток на
пристап до транс-надлежен третман за правилна употреба на супстанции.
114