3 Услуги
Препораки на СЗО за РЕР 13
РЕР треба да биде понудена на секој поединец кој што бил изложен на течност
од телото на некој ХИВ позитивен или има непознат ХИВ статус, вклучувајќи
изложеност преку:
· Било каква сексуална изложеност (секс без кондом или искинат кондом);
· Било какво прскање во око, нос или усната шуплина;
· Крв, плунка со крв, млеко од дојките, генитални секрети.
РЕР не е идентификуван кога:
· Лицето кое било изложено, веќе е инфицирано со ХИВ или изворот на
изложеност нема ХИВ инфекција;
· Изложеноста била преку плунка што не сорджи крв, солзи, урина или пот;
· Изложеноста се случила пред 72 часа.
Иако РЕР е докажано ефективна за професионална изложеност, во
други услови таа може да биде помалку ефикасна поради непочитување
на пропишаниот тек и одложување на почетната пост-изложеност.
Започнувањето на РЕР би можело да биде особено тешко за трансродните
лица кои биле изложени преку сексуален напад или професионална
изложеност преку сексуална работа, поради стигмата и дискриминацијата
во здравствените и правните системи каде што живеат.
РЕР треба да им се понуди на сите лица кои се лекуваат од сексуален
напад. Поради распространетоста на сексуалното насилство извршено врз
трансродните жени, здравствените работници треба да прашаат било која
транс-жена која бара грижа поврзана со траума во врска со нејзиниот ризик
на изложеност на ХИВ. Транс-луѓето и теренските работници на заедницата
треба да добијат соодветно образование за РЕР и да знаат каде може да се
пристапат до навремен, транс-компетентен начин.
Режим на лекување
РЕР треба да биде достапна до сите поединци на доброволна база после
можна изложеност на ХИВ. СЗО препорачува дека со РЕР треба да се
започне што е можно поскоро и во тек на првите 72 часа од изложеноста на
инфекција. Треаењето на терапијата треба да биде 28 дена. Се препорачува
да се започне со PrEP после 28-иот ден на терапија со РЕР, ако постои
ризик на повторена изложеност или повторен РЕР режим.
Треба да се спроведе тестирање за ХИВ со советување пред и по тестирање.
Исто така, треба да се спроведе и следење на тестирањето за ХИВ. Треба
да се земат предвид дополнителни лабораториски тестови, вклучувајќи
го и хемоглобинот за режими на РЕР кои содржат зидовудин, хепатитис Б
и Ц скрининг, по можност, и врз основа на преваленцијата на болестите.
Советувањата кои се однесуваат на придржувањето, несаканите ефекти
и ризикот на намалување се многу важни, како и да се обрати внимание
на психосоцијалните потреби како што се услугите за ментално здравје и
проблеми со социјална помош. Од суштинско значење е стриктно да се
следат упатствата за доверливост. Бидејќи истражувањето на употребата на
антиретровирусни лекови брзо се развива, се препорачува програмерите
111