My first Publication TRANSIT tool | Page 113

3 Услуги на програмите да се консултираат со СЗО за најновите упатства. (види СЗО 2015 Консолидирани упатства за употреба на антиретровирусни лекови за лекување и спречување на ХИВ инфекција и СЗО пост-изложена профилакса како додаток за ХИВ; и Секциите 3.3.7 и 3.3.10). 3.3.4 Интервенции за намалување на штетите Препораки на СЗО за РЕР 13 СИТЕ КЛУЧНИ ПОПУЛАЦИИ · Лица кои користат дроги треба да имаат пристап до опрема за вбризгување преку програми за игли и шприцеви; · На лицата кои се зависни од опоидни средтства треба да им се понуди опиоидна субстициона терапија (ОСТ) со придржување на упатството на СЗО; · Лицата кои конзумираат алкохол или други опојни средства треба да имаат пристап до интервенции базирани на докази кои вклучуваат проценка, специфична реакција и советувања; · Лицата кои се сведоци на предозирање треба да имаат пристап до налаксон и да им се дадат соодветни инструкции за негова употреба во итни случаи. ТРАНСРОДНИ ЛИЦА · Трансродните лица кои користат средства за родово потврдување треба да користат стерилна опрема и да практикуваат безбедно користење на иглите и шприцевите за да го намалат ризикот на пренесување на инфекциите преку крвта; · Не постојат докази за интеракција помеѓу ОСТ и лековите кои се користат за родово потврдување; сепак, истражувањето е многу ограничено. Намалувањето на штетата спаѓа во јавно – здравствените политики и практики кои имаат за цел да ги ублажат последиците поврзани со одредени однесувања. Програмите за намалување на штети кај транс жени кои инјектираат филери со меко ткиво, ботокс или хормони (види подолу) може да ги намалат негативните несакани ефекти и да го намалат ризикот од инфекција. Слично на тоа, програмите за намалување на штети кај лицата кои користат дроги можат да спречат предозирање, да го намалат ширењето на инфекции како што се ХИВ и хепатитис Ц, да промовираат практики на безбеден секс и да ги намалат смртните случаи поврзани со дрога и алкохол. Програмите за игли и шприцови и замена за опиоидна супституција се дел од сеопфатниот пакет за намалување на штети препорачан во Консолидираните упатства за клучните популации за 2014 година. Мерачот, големината и формата на иглите и шприцевите што се користат за полнење на меките ткива, ботокс и хормони се различни од оние кои се користат за вбризгување на опиоиди. Програмите за игли и шприцеви треба да бидат подготвени да ги задоволат потребите за разни видови шприцеви што ги користат транс луѓето. Ако не се користи соодветен мерач на иглата, лекот не може да се администрира правилно и може да предизвика штета. Здравствените работници и трансродните лица треба да бидат обучени за 112