3 Услуги
Тестирањето за ХИВ треба да се направи пред да се понуди PrEP и редовно
додека се зема. Од суштинско значење е да се упатат лицата кои се ХИВ
позитивни до услугите за лекување и грижа за ХИВ. Пред да се започне со
PrEP, луѓето исто така треба да бидат тестирани за инфекција со хепатит Б
и да ги тестираат бубрежните функции.
Најдобар начин да се поддржи придржувањето на PrEP е таа да се понуди
како избор. Поддршката за придржување треба да вклучува информирање
дека PrEP е многу ефикасна терапија кога се користи и дека редовната
употреба бара лековите да бидат вклучени во секојдневната рутина на
поединецот. Луѓето кои почнуваат со PrEP може да пријават несакани ефекти
во првите неколку недели од употребата. Тие може да вклучуваат гадење,
стомачни грчеви или главоболка и обично се благи и самоограничени и
не бараат прекин на PrEP. Луѓето кои почнуваат со PrEP, а претходно се
советувале за овој „почетен-синдром“ може да бидат поизрджливо во
користење на оваа терапија. Корисниците на PrEP треба да се советуваат
дека се потребни пет до седум дена од употребата на PrEP пред да се
постигне целосна заштита за анален сексуален однос, а потребни се 20
дена пред да се постигне целосна заштита за вагината. Ако поединец кој
зема PrEP исто така прима хормонска терапија, давателите на здравствена
заштита исто така треба да ги следат можните интеракции помеѓу лековите
(види Секција 3.3.9)
Трансродните организации може да играат значајна улога во опфаќање на
што поголем број луѓе со повисок ризик, информирајќи ги за достапноста
на PrEP, како и за тоа кога треба да се користи, обезбедувајќи линкови до
здравствените услуги за оние кои се заинтересирани и обезбедување на
придржување кон овие услуги.
Се очекува новите препораки на СЗО за третман со PrEP да ја олеснат
идентификацијата на луѓето неодамна заразени со ХИВ. Секогаш кога е
можно, на луѓето во нивните социјални и сексуални мрежи треба да им се
понудат услуги за тестирање на ХИВ, превенција и лекување. PEP и PrEP треба
да се земат предвид за користење во комбинација со други превентивни
услуги за ХИВ негативните партнери на неодамна дијагностицираните ХИВ
позитивни лица.
3.3.3 Пост–изложена профилакса (РЕР)
2014 Консолидирани упатства за клучните популации
Пост – изразената профилакса (РЕР) треба да биде достапна за сите
засегнати лица од клучните популации на доброволна база после можна
изложеност на ХИВ.
РЕР е администрацијата на антиретровирусните лекови на поединецот
веднаш кога ќе бидат изложени, или потенцијално изложени на ХИВ
инфекција со цел да се намали шансата да станат ХИВ позитивни. Тоа е
единствениот можен начин да се намали ризикот од добивање инфкецијата
после изложеност на ХИВ.
110