My first Publication TRANSIT tool | Page 109

3 Услуги послужи како редовна вежба за избегнување на ХИВ инфекцијата и другите СПИ. Треба да се обезбедат различни кондоми и соодветни лубриканти за нив за трансродните лица кои имаат пенетрирачки секс со своите партнери, со што може да се намали ризикот од ХИВ заразување. Лубрикантите допринесуваат до поздрав, поприфатлив и поудобен сексуален живот за повеќе поединци. Употребата на кондомите со правилните лубриканти е од суштинско значење и некои истражувања покажаа дека бројот на уништени кондоми при сексуален однос е намален од 21% на дури 3%. Во отсуство на прифатливи и достапни кондом – компактибилни лубриканти, некои лица можат да одлучат да користат и други типови на лубриканти (лосион за тело, сјај, маст) кои можат да го уништат кондомот. Со цел да се спречи ова, лубрикантите мора да одат заедно со кондомите во секој аспект на програмското планирање и олеснување. Здравствените работници треба да дискутираат за ефективно користење на кондоми и лубриканти со нивните клиенти. Важно е за здравствените работници да разберат дека сексуалната желба може да биде родово – потврдувачка за некои трансродни лица, и ова може да ја зголеми веројатноста дека тие ќе имаат сексуален однос без кондом, само за да не бидат одбиени и отфрлени. Покрај тоа, некои трансродни сексуални работници можат да имаат секс без кондом со нивните примарни партнери, со цел да направат разлика помеѓу сексуалниот однос со нивниот партнер и со клиентот. Трансродните жени кои примаат феминизирачки хормони можат да имаат искуство со губење на ерекција и намалување на сексуалната желба. Додека трансродните мажи кои примаат маскулинизирачки хормони можат да имаат искуство со зголемување на сексуалните нагони што води до зголемен број на сексуални односи. За детали во врска со организирањето и менаџирањето на промоцијата и дистрибуијата на кондоми и лубриканти, погледнете во Поглавје 4, Секција 4.4. 108