My first Publication TRANSIT tool | Page 108

3 Услуги Рамка 3.5 Пример на случај: Интегрирање на клиничките услуги и услугите во заедницата во Ел Салвадор Заедничките центри за интегрирана превенција (CCPIs) беа основани во Ел Салвадор со поддршка на Глобалниот фонд за да им овозможат на секој сегмент на ЛГБТИ популацијата да пристапат до сеопфатна здравствена заштита во безбедна и афирмирана средина . Целта на CCPI е да обезбеди сеопфатни пакети на основни услуги за превенција од ХИВ и СПИ. Заедно со ХИВ-тестирање и други услуги за превенција и третман, тие нудат психолошко советување, општа примарна нега, поддршка при упатување во здравствени центри кои обезбедуваат АRТ, а исто дистрибуираат кондомите и лубриканти. CCPI станаа центар за едукација за врсничко здравје, првенствено за транс жени. Психо- емоционалните групи за поддршка на транс жените кои се фокусираат на дискутирање на прашањата за феминизација, се олеснуваат во центрите или на други места од страна на здравствените едукатори во заедницата кои се поврзани со нив. Собирањето за да се разговара за интимни прашања поврзани со подобрување на женскиот изглед и развивање на саканата женска естетика на структуриран начин, исто така, служеше како важна интервенција во штетните практики, како што е несоодветна употреба на хормонални лекови или «направете го тоа сами» процедури за подобрување на убавината како што се самоинјектирање со потенцијално опасни силиконски производи. Со обука и поддршка на здравствените работници во заедницата кои самите се транс- идентификувани, CCPI, исто така, се осврнуваат на прашањата поврзани со насилството и семејната злоупотреба што влијаат на ризикот на клиентите за ХИВ и други СПИ. 3.3.1 Кондоми и лубриканти 2014 Консолидирани упатства за клучните популации СИТЕ КЛУЧНИ ПОПУЛАЦИИ Редовната и правилна употреба на кондоми со лубриканти кои им се компактибилни широко се препорачува за спречување на пренесувањето на ХИВ инфекцијата и други СПИ. ТРАНСРОДНИ ЛИЦА · Кондоми и кондом компактибилни лубриканти се препорачуваат при пенетрирачки секс · Соодветно снабдување со лубриканти на трансродните жени и мажи кои имаат секс со други мажи Снабдувањето, дистрибуцијата и промоцијата на кондоми и лубриканти се основни елементи за ХИВ превенција меѓу трансродните лица, нудејќи им трислојна заштита против ХИВ, СПИ и несакана бременост. Ниту една друга превентивна интервенција не дава заштита од ваков тип, а за повеќе луѓе, кондомите и лубрикантите остануваат најдобар и најекономичен избор. Со секс – позитивна рамка (на пример, прифаќање и немање предрасуди за сексуални односи, сексуалност и родова експресија), употреба на кондоми и лубриканти е од големо значење за трансродните индивидуи и може да им 107