My first Publication TRANSIT tool | Page 103

3 Услуги 3.2.5 Животен курс Мора да се земат во предвид специфични мислења за соодветно да се реши прашањето со ХИВ и другите здравствени потреби на трансродните лица во тек на нивниот животен курс. Искуството и совеста на една индивидуа и соодветната грижа, поддршката и пристапите за третман, ќе се разликуваат во зависност од фазата на животот во која ќе откријат дека нивниот родов идентитет не се совпаѓа со полот од раѓање. Важно е да се разбере дека секоја индивидиуа се развива ралично во текот на животот, и искуствата варираат од личност до личност, но сепак постојат и некои форми на човечки развој кои се среќаваат кај голем број трансродни лица на популациско ниво. Потребни се додатни истражувања во врска со развојот на родовиот идентитет кај децата, адолесцентите и возрасните во различни популации ширум светот затоа што има недостаток на формални епидемиолошки студии. Трансродните индивидуи од сите возрасти имаат заедничко искуство со стигма, одбивање, дискриминација или насилство, како и сиромаштија поради социјално одбивање и институциска дискриминација. Како такви, трансродните лица во секоја фаза од животот треба да бидат евалуирани за траума, депресија и помали стресови (види Секција 3.3.10 за ментално здравје). Детство Некои деца, дури и на 2 годишна возраст можат да покажат дека нивниот пол од раѓање не се совпаѓа со нивниот родов идентитет и изразување. Однесувањата кои ги покажува детето можат да варираат во широк спектар, од многу екстремна неудобност во нивниот пол од раѓање придружена со вознемиреност и депресија до помала неудобност и изразување желба за облекување на облека, играчки и игри кои се карактеристични за спротивниот пол. Адолесценција Желбата на децата да експериментираат со нивниот родов идентитет може да се промени пред или во текот на нивниот пубертет. Сепак, кај некои деца чувствата на неудобност со нивните сексуални карактеристики стануваат многу поинтензивни со развивање на нивните секундарни сексуални карактеристики. Кај некои трансродни адолесценти и возрасни, може да нема никакви знаци на родова експресија соодветна за спротивниот пол во детството. Или пак, како некој ги идентификува овие лица додека се мали, не значи дека тие ќе останат такви и кога ќе пораснат и ќе се развијат. Како такви, изразувањата од детството не можат да опишат едно лице како трансродно. Една индивидуа може да го промени начинот на кој се идентификува со тек на времето. Зрелост Без разлика на времето кога една индивидуа почнала да се идентификува со род кој не е во согласност со физичките карактеристики од раѓање, секогаш треба да се понудат највисоки стандарди за пружање на транс – компетентна грижа. Во случаите каде возрасните лица се идентификуваат како трансродни, медицинските обучени лица треба да направат евалуација на психичката состојба на лицето, која вклучува темелна проценка, влијание на различноста на половите врз менталното здравје и достапна социјална 102