3 Услуги
помош. Здравствените работници треба да размислат дали некои симптоми
можат подобро да се објаснат со некои други дијагнози. Ако клиентот се
идентификува самиот како трансроден, тогаш треба да се едуцира, подготви
и воведе во постапките за медицински интервенции. Хормонската терапија
за родово потврдување нема ограничувања во годините, иако времето за
реагирање на терапијата слабее со тек на годините.
Постари возрасни лица
Повозрасно лице кое има потреба од здравствени услуги за родово
потврдување треба да бидат евалуирани, проценети и наведени за соодветна
и компетентна грижа за решавање на прашањата со здравствените потреби
и грижи.
Здравствените потреби на трансродните лица кои примаат родово
потврдувачки здравствени услуги треба да бидат следени и евалуирани
со текот на годините. Одржувањето на дозата на хормони може има
потреба од поправки, и може да се појават промени кај индивидуата во
врска со нивното надворешно изразување. Како и со било која долгорочна
медицинска терапија, важно е да се согледаат долгорочните ризици
од користењето на хормоните и општата здравствена состојба кога
пристапуваат до примањето на дозата и формата на хормони. За лицата кои
живеат во услови на сиромашни ресурси, постои алтернатива за соработка
со здравствените работници до максимално ниво. (види Поглавје 4).
Хируршките процедури за родово потврдување можат да бидат тешко
изводливи за постарите трансродни лица поради нивната физичка
и здравствена состојба. Повозрасните лица кои што имаат желба да
подлегнат на некоја операција треба прво да дискутираат со докторот за
специфичните процедури, физички побарувања и период на оздравување.
103