3 Услуги
поради тоа што во личните податоци и стои „машки пол“, иако жена која не е
трансродна без проблем би можела да ја направи оваа операција во истата
здравствена клиника. Доколку се случи ова, многу е важно здравствените
работници и помошниот персонал да се залагаат за нивните клиенти да ја
добијат потребната грижа. Иако за една организација да добие финансиски
средства за здравствените услуги мора да користи кодови, пружателот на
овие здравствени услуги не мора да ги користи при директен разговор со
клиентот.
Рамка 3.4
Пример на случај: Застапување за клиентите во
врска со здравствените потреби на трансродните лица
при промена на полот во САД
Здравствените работници често стануваат застапувачи за нивните клиенти и можат
да бидат врска помеѓу фармацевтите и другите пружатели на услуги вклучени во
третманот и грижата. Во случајот на Томас, трансроден маж од американската држава
Орегон, интервенциите на пружателот на здравствените услуги направиле разлика
во квалитетот на неговата грижа. Томас бил на државно – обезбедена медицинска
помош за луѓето со ниски примања и имал ограничен избор на здравствени работници
или услуги. Долг период тој избегнувал да оди на редовни прегледи и да се среќава
со здравствените работници поради тоа што се чувствувал непосакуван од нив и
тие често барале објаснувања од него зошто го прави тоа и со него се однесувале
повеќе како некој експеримент отколку како со човек.
Подоцна, Томас посетувал друг здравствен работник кој имал големо познавање
за правата на трансродните лица и често ги застапувал. Кога овој здравствен
работник ја променил дозата на тестостерон за Томас, тој му нагласил дека може
да има потешкотии при препишување на лекови во аптека и дека ако има било каков
проблем, може да и се обрати на неа . Тој исто така испратил петиција до осигурителните
агенции за да ја покријат операцијата за вградување на импланти на Томас, како и останатата
потребна медицинска грижа. Компетентноста и етичкото однесување на овој здравствен работник се
многу олеснителни околности за Томас, поради тоа што веќе не се среќавал со несакан и непријатен
однос во клиниката, се чувствувал зајакнат и знаејќи дека не е сам во неговата борба,
неговата благосостојба се подобрила.
101