HR Актуелности— РАБОТНИ ОДНОСИ
ШТО ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА
Автор: Ангел Димитров Претседател Организацијата на работодавачи на Македонија
ИЗМЕНИТЕ И ДОПОЛНУВАЊАТА ОД 2017 ГОДИНА
Сегашната владеачка партија уште во својата пред изборна програма вети дека ако дојде на власт ќе донесе Закон за минимална плата со кој минималната плата ќе ја подигне на износ од 12.000 денари уште во 2017 год. и таа ќе важи и за одделите текстил и кожа. За да не се предизвика напуштање на работници, тие предвидоа финансиска помош за оние кои имале пониски плати пред донесување на законот. Затоа уште со првите денови на владеење, новата Влада се зафати со измени и дополнувања на Законот за минимална плата.
Законот се објави во „ Службен весник на РМ ― бр. 132 / 17, а стапи во сила од 20.09.2017 год. Во членот 10 од измените и дополнувањата беше регулирано дека висината на минималната плата во бруто износ почнувајки од месец септември 2017 година па заклучно со јуни 2018 година, изнесува 17.130 денари или 12.000 денари во нето.
Со измените не се смени дефиницијата за минималната плата и таа остана како „ најнискиот месечен износ на основна плата која работодавачот е должен да му ја исплати на работникот за работа извршена за полно работно време и исполнет нормиран учинок ―. Но истовремено во членот 2 се додадоа три нови става кои треба да ги спречат работодавачите да го злоупотребуваат нормираниот учинок.
-став( 2) Нормираниот учинок се утврдува од страна на работодавачот, секоја година, во февруари, врз основа на критериуми на ефикасност на производниот процес, утврдени од страна на работодавачот во соработка со работниците, а кои критериуми мора да се исти за секоја техничко- технолошка целина кај работодавачот,
-став( 3) Нормираниот учинок од ставот( 2) на овој член треба да е остварлив за најмалку 80 % од бројот на вработените за секоја техничко- технолошка целина, пооделно и
-став( 4) Работодавачот е должен, на крајот на секој месец, на работникот да му издаде потврда за остварениот нормиран учинок, заедно со писмената пресметка на платата.
Овие измени предизвикаа одредени нејаснотии и дилеми кај некои работодавачи, па затоа МТСП заедно со Организацијата на работодавачи и Државниот инспекторат на труд донесоа „ Насоки за примена на Законот за минимална плата во Република Македонија ―. Во насоките особено се потенцира дека:
- Ставовите 2, 3 и 4 од членот 2 и ставот 1 од членот 7-б се однесуваат само на работодавачите кои исплаќаат плати во висина на минималната плата согласно Законот. Ова значи дека кај работодавачите за работни места кои не се нормираат, не се однесуваат одредбите од Законот за минимална плата за нормираниот учинок.
Исто така се укажува дека работодавачите кои исплаќаат плати повисоки од минималната, немаат обврска за утврдување на нормиран учинок согласно Законот, ниту пак обврска за издавање на потврди за остварениот нормиран учинок.
( продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 48