My first Magazine Vesnik br.7 | Página 47

HR Актуелности
ШТО ДОНЕСОА ИЗМЕНИТЕ НА ЗАКОНОТ ЗА МИНИМАЛНА ПЛАТА
Автор: Ангел Димитров Претседател Организацијата на работодавачи на Македонија
МАЛКУ ИСТОРИЈА
На крајот од 2011 год. Собранието на РМ донесе Закон за минимална плата во Република Македонија, кој отпочна да се применува со платата за месец Јануари 2012 год. Законот беше објавен во „ Службен Весник на РМ ― бр. 11 / 12 и некои тоа го сметаа како „ историски момент ― затоа што до тогаш во Македонија минималната плата или „ најниската плата за одделни степени на сложеност ― се регулираше со грански колективни договори.
Висината на минималната плата изнесуваше 39,6 % од просечната бруто плата во Републиката за претходната година, согласно со податоците објавени од Државниот завод за статистика. Вака пресметаната минимална плата изнесуваше 8.050 денари во нето износ.
За одделите кои во Јули 2011 год. имаа исплатена просечна плата под нивото од 15.600 денари во бруто износ, се предвиде период на усогласување од 3 години, така што тие за 2012 год. имаа минимална плата пониска за 22,2 %, за 2013 год. за 14,8 % и за 2014 год. за 7,4 %. Тоа беа одделите 13-Производство на текстил, 14-Производство на облека и 15-Производство на кожа и слични производи.
Првиот проблем се појави уште во 2013 год. кога во Февруари 2013 год. Заводот за статистика ја објави просечната бруто плата за 2012 год. Согласно Законот за минимална плата Економско социјалниот совет на РМ требаше да ја утврди висината на минималната плата за 2013 год и да ја достави до Министерството за труд и социјална политика истото да ја објави. Но бројките покажуваа дека просечната плата за 2012 год. не само што не е зголемена туку имаше мал пад во однос на 2011 год. Затоа ЕСС му предложи на МТСП минималната плата да остане на нивото од 2012 год. во износ од 8.050 денари, а зголемување да се изврши само на одделите 13, 14 и 15 од 6.263 денари на 6.859 денари согласно претходно утврденото усогласување.
Веќе во 2014 год. Владата одлучува да го смени концептот за минимална плата и наместо процент од платата остварена во минатата година одлучи да се утврди фиксен износ и тоа 13.140 денари во бруто или 8.800 денари во нето износ за 2014 год., 9.590 денари за 2015 год. и конечни 10.080 за 2016 година. За одделите 13,14 и 15 таа за 2014 год. изнесуваше 7.700 денари со постепено покачување во 2018 год. да ја достигне минималната плата од 10.080 денари.(„ Службен весник на РМ ― бр. 30 / 14 од 10.2.2014 г., во сила од 18.2.2014 година).
Ваквото поголемо покачување не предизвика некои поголеми негативни реперкусии во поглед на напуштање на работници, а статистичките податоци покажуваат дека во периодот Фебруари 2014 год. до Март 2017 год. просечната нето плата во Републиката пораснала за 7,2 %, а во одделот 14-Производство на облека дури за 22,9 %. Ова зборува дека притисокот од минималната плата се почуствувал само кај одделите со нај ниски плати додека не предизвикал поголемо покачување на одделите кои имаат повисоки плати.
( продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 47