My first Magazine Vesnik br.7 | Page 46

HR Интервју
Најважно е да ја сакате работата која ја работите!
Одблиску со г-ѓа Миглена Узунова Цекова, М-ТЕЛ Бугарија
� Како би ја опишале вашата кариера и што ве мотивираше да одберете професија во областа на човечки ресурси?
Мојата кариера не започна во областа на HR но со тек на време ја запознав оваа област и ми се допадна функцијата која ја има во бизнис светот и до ден денес верувам дека е од голема вредност за компаниите. Затоа и одбрав кариера во HR департманот и тоа прво работев на процесот на регрутација и менаџмент на перформанси за потоа моите одговорности да се прошират кон воведување на тренинг практики и интерна комуникација. Уште од 2002 година сум на менаџерска позиција во компанијата во која работам.
Според вас, кој дел од процесот на редизајнирање и реструктурирање на организацијата е најголем предизвик за одделот за човечки ресурси?
Најголемиот предизвик при воведување на овие процеси е да се избалансираат очекувањата и реакциите на вработените. Додека за бизнисот овие практики се позитивни бидејќи носат нови можности и промени, за вработените претставуваат нарушување на сигурноста во која работеле долго време. Голем дел од нив не сакаат да воведуваат промени и да ја напуштат својата комфорна зона. Затоа е тука HR департманот кој ќе се погрижи промените да не бидат нагли и истите да бидат правилно пренесени и објаснети со цел за полесно и позитивно прифаќање.
Гостин-предавач на 9тата годишна интернационална конференција за човечки ресурси
� На минатата 9. HR конференција во организација на МАЧР, зборувавте за важноста за препознавање и наградување на вработениот за добро сработената работа. Може ли накратко да ни кажете кое е вашето искуство со имплементирањето на ваквите програми?
Моето искуство со ваквите практики вели дека наградување на вработениот за добро завршената работа како и препознавање на неговиот талент, потенцијал и учество се круцијални за мотивацијата и лојалноста на вработениот. Задоволен и пофален работник е мотивиран да придонесува повеќе за компанијата а со тоа и влијае на успешноста на организацијата. Затоа е важно HR департманот да обрне посебно внимание на ваквите програми и лично сметам дека е подобро да се имплементираат според способностите на секој вработен поеднинечно( или пак помала група) отколку да се оценуваат како една голема група.
� Во 2016-та година бевте прогласена за најдобар HR менаџер од страна на Бугарската асоцијација за развој на луѓето- БАПМ. Што мислите, кои фактори придонесуваат за тоа еден HR менаџер е прогласен за најдобар?
Мислам дека крајните резултати зборуваат гласно за тоа кој е најдобар како HR менаџер. На крајот од денот за HR менаџерот е најважно да биде медијатор кој ги балансира барањата на корпорацијата и на вработените. Признавам дека е предизвик да ги исполнам индивидуалните очекувања на вработените од една страна, а од друга страна корпоративните цели и таргети. Но, кога ќе ги видам крајните резултати секогаш велам дека сета мака и труд вредат. И за крај, најважно е да ја сакате работата која ја работите!
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 46