HR Интервју
Компаниите треба да се во чекор со трендовите!
Одблиску со г. Рок Жупанчич, Телеком Словеније – Гостин-предавач на 9тата годишна интернационална конференција за човечки ресурси
�
Кои се вашите три совети кои ги препорачувате како начин за стекнување на компетитивна предност при привлекување и заджување на талентите во компанијата?
Најпаметните и најталентираните луѓе во компанијата не се мотивирани од пари и профит туку од предизвик. Тие сакаат да бидат во можност да уживаат во проектот на кој што работат, да знаат зошто работат на него и како тој проект ќе влијае на околината. Па така компаниите кои сакаат да привлечат талентиран кадар треба покажат дека главен приоритет на компанијата е иднината и идниот развој затоа што денешните генерации се повеќе заинтересирани за претприемништво и стартап проекти, а помалку привлечни им се старите бизниси од типот банкарство, осигурување и сл. Компаниите треба да се во чекор со трендовите.
И трето, компаниите треба да создадат и програми за развој на талент кадри и развој на кариера на вработените се уште два фактори кои ќе ги привлечат младите таленти.
�
Кои фактори влијаат за да еден систем за управување на перформанси биде ефективен и со кои предизвици се соочува департманот за менаџмент на човечки ресурси?
За еден систем за управување на перформанси да биде ефективен треба да ги покрива сите релевантни HR и бизнис практики односно целите на вработените да се поврзани со бизнис целите на компанијата. Системот треба да понуди одговор на две важни прашања: што правиш( цели) и како тоа го правиш( компетенции). Повратниот одговор се добива од вработените кои мора да знаат што треба да прават, како да го направат тоа и како сработеното ќе биде оценувано.
Податоците од системот потоа ќе бидат обработени и ќе се дојде до заклучок кој вработен колку ќе биде награден, платен, унапреден или пак дообучуван за позицијата. Исто така ќе бидат и детектирани вработени кадри кои не придонесуваат доволно и се под стандардите на компанијата.
И за крај секој систем е ефикасен онолку колку што менаџерот знае да управува со истиот. Важно е за лидерот или менаџерот да знае да управува со податоците, да ги разбира и да ги обработува истите за да може да носи одлуки кои се со цел за подобрување на перформансите на вработените и на фирмата. Затоа од витална важност е еден менаџер постојано да го надоградува своето знаење во овој сегмент.
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 45