My first Magazine Vesnik br.7 | Página 41

Стручни трудови и статии
10 совети за подобрување на посветеноста на вработените
10 совети за подобрување на посветеноста на вработените
Автор: Gwyneth Letherbarrow MBA Креатор на Dream Team Formula™, автор, спикер, тренер за професионален развој, Feelgood Coaching and Consulting e. U.( Австрија)
7. Помогнете му на вашиот тим да биде тим
Одличен начин да се започне неделата е со поминување на неколку минути заедно – одете низ канцеларијата и побарајте од сите да истакнат едно достигнување од претходната недела, потоа побарајте да кажат на што ќе се фокусираат во следните денови. Ова ќе ве осигура да сите го кажат своето и ќе им дозволи активно да придонесат.
8. Team Building( Градење на тим)
Многу менаџери бегаат од ова затоа што тие предвидуваат скапи настани кои го вклучуваат целиот персонал – што значи никаква работа нема да се заврши. Но team building може да биде едноставно нешто како купување на вкусно кафе во петок наутро. Само потсетувајте се да не го правите вашиот team building, натпреварувачки бидејќи на долг рок ќе ја вратите чекор назад вашата напорна работа.
9. Направи промена и во вашата глава и во вашето срце
Секој пат кога некој си оди или се придружува во тимот, секој пат кога сте на одмор или некој нов проект почнува или завршува, секој пат кога некој е унапреден или награден на некој начин, односно секој пат кога рутината е прекината, динамиката на тимот ќе се промени. Разберете дека луѓето се справуваат со промената со различна брзина, и направете се што е во ваша моќ да ги направите работите полесни за вашите колеги со тоа што ќе ја споделувате секоја релевантна информација на дневна база. Ако не смеете да им кажете нешто бидејќи доверливоста е вклучена, кажете им зошто – никогаш не лажете!
10. Грижете се за себе
Не сакам да бидам сурова, но доколку не уживате во управувањето со луѓето тогаш најдете си друга работа! Да се биде менаџер носи голема одговорност за доброто на другите, и како што се вели ― вработените никогаш не ја оставаат компанијата, тие секогаш оставаат лош менаџер ‖.
Бидете искрени со себе за тоа што сакате да правите, бидејќи доколку вашиот ангажман и мотивацијата падне, вашиот тим нема да биде далеку зад вас.
Со среќа!
Гвинет
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 41