My first Magazine Vesnik br.7 | Page 40

Стручни трудови и статии 10 совети за подобрување на посветеноста на вработените Автор: Gwyneth Letherbarrow MBA Креатор на Dream Team Formula™, автор, спикер, тренер за професионален развој, Feelgood Coaching and Consulting e.U. (Австрија) На пример, ако ти е потребен сметководител, ќе сакаш некој кој е ―прецизен и избалансиран‖ или ―креативен и пријателски‖? Со користење на зборови кои ќе го опишуваат лицето кое го барате, ќе привлечете кандидати кои ги исполнуваат вашите критериуми. 2. Процесот на регрутирање Не бидете една од оние организации или компании кои не вложуваат труд да ги задржат кандидатите во текот на процесот на регрутирање. Во време кога Ексел табелите и Outlook можат да направат порака во секунди, не постои оправдување. Прифати ја апликацијата за работа и објави датум за кога апликантот може да очекува повратен одговор, исто така и објави време кога ќе биде интервјуто. И извести ги ако не ја добиле работата! 3. Првиот ден на работа Ова можеби звучи премногу очигледно, но бидете сигурни да вашиот нов колега добие маса, стол и компјутер – и дека ќе има некој таму кој ќе му помогне да го постави неговиот e-mail веднаш ( и да започне со работа ). Очекувате од нив да го дадат нивниот максимум, затоа е важно и вие да го дадете вашиот. 4. Управување со очекувањата Организирајте да се сретнете со вашиот нов член на тимот веднаш штом ќе се сместат на работното место (на нивниот прв ден). Ако не сте во моментот тука, осигурајте се дека тоа ќе го направи некој друг на ваше место, а вие ќе надоместите по вашето враќање. Ако имате прирачник со политики и правила, дадете им го ним лично и пројдете ги заедно најважните аспекти од нивната работа. Повторно, не е доволно само да зборувате за задачите и одговорностите и какви резултати очекувате. Како вашиот колега ќе знае дека извршува добра работа? 5. Честата повратна информација е добра Прашајте го вашиот член на тимот што му е потребно од вас! Секој е уникатен, и додека некој ќе биде среќен да си продолжи со работата, друг ќе сака да се консултира со вас на дневна база. Ова нема никаква поврзаност со нивната способност да се заврши работата – тоа е поврзано со тоа каква средина за работа вие создавате за вашите колеги да напредуваат. 6. Имајте отворен ум Природата на човекот е да осуди некој во рок од 30 секунди од нивното запознавање. Бидете свесни какви одлуки ќе донесувате врз основа на нечија националност или други културни разлики. (продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 40