My first Magazine Vesnik br.7 | Página 42

Стручни трудови и статии
Дигитална интелегенција ја зголемува продуктивноста!
Автор: д-р Марко Кести, професор по општествени науки на Универзитетот во Лапланд, Финска
Интелегентната дигитализација од HR функциите може драматично да го подобри управувањето со човечките ресурси, значително зголемувајќи ја продуктивноста на вработените.
Во Финска, HR административните функции се добро дигитализирани. Ние го следиме перформансот на вработените користејќи различни индикатори. Известувањето преку податоци е прогресивно и во тек па така најдобрите практики се дистрибуирани електронски. Во тој случај, персоналните ризици се минимизирани и каузалните врски се интерпретирани брзо со помош на податоците. Благодарејќи на електронските алатки и високото ниво на Know-how, Финскиот HR менаџмент е веројатно меѓу светските најефикасни.
Како и да е, ние сме само на почетокот од дигиталната еволуција на организацискиот менаџмент и сеуште го правиме најосновното. Преку информациониот менаџмент, ние ја подобривме стратегиската анализа и станавме повеќе проактивни. Но ние само ја имаме изгребано површината во максимизирање на нашиот нематеријален човечки капитал. Научните истражувања индицираат на тоа дека организациите ќе постигнат конкурентска предност преку HR аналитика базирана на знаење. Според истражувањата на Финската влада и Советот на иновации ― Дигитализацијата на нашето општество и економија е во почетната фаза, а во иднина значително ќе се промени нашиот начин на учење и работење... Високо квалитетното истражување и искористување на неговите резултати и адаптирање на технологијата се неопходни предуслови за нови иновации, продуктивноста и економскиот раст.‖
Со дигитализација на работното место, лидерите теоретски треба да имаат повеќе време да комуницираат со вработените, но ситуацијата сеуште е обратна. Како што системот ќе собира информации и ќе известува за резутати, ќе биде потребно додатно време и Know-how за да се анализираат информациите и имплементираат решенија. Во иднина, овие системи не само што ќе собираат податоци, туку исто така ќе служат интелегентно во управување на стратешко и практично ниво.
Следната генерација на дигитализација ќе ги собира и шири вистинските информации во вистинското време и ќе ги илустрира резултатите јасно, така што промената ќе може да се спроведе ефикасно. Така, вниманието на лидерите ќе биде насочено попродуктивно како на пример во проширување и подобрување на нивната комуникација со работниците.
Еден пример за интелигентна HR алатка е дигиталниот робот кој собира податоци на премолченото знаење и продуктивноста на вработените. Истражувањето не е направено во регуларни интервали но континуирано прашува прашања на одредено време со цел информацијата да е постојано апдејтирана. Бидејќи прашалникот е краток, само 15 прашања, не одзема многу од корисното работно време. Резултатите може да се користат за стратешка и практична акција во реално време. На пример, менаџментот предходно можел да реагира само откако ќе се зголеми отсуството на вработениот, сега може да ги разбере причините и да реагира на време, пред да се изгуби продуктивноста.
( продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 42