My first Magazine Vesnik br.7 | Page 37

Стручни трудови и статии
Организациски системи – Еден друг поглед на организацијата
ЛУДЕТО СЕ БИЗНИСОТ, БИЗНИСОТ Е ЛУДЕТО! Автор: Марина Анчевска
Основач на Центар за бизнис психологија-Системски НЛП на ЈИЕ НЛП тренер, сертифициран lifestyle коуч, инспиратор, јога учител Член на МАЧР
Човекот како поединец во конекција со другите, во една организација е тој што ја движи организацијата и ја води кон успех или кон неуспех. Најзначајниот показател за тоа како функционира една организација, всушност, се меѓучовечките односи, т. е. наједноставната комуникација меѓу вработените. Секоја единка е одговорна и учествува во креирањето на организацискиот систем.
Што е тоа што една организација ја поврзува и ја прави една целина? Одговорот е многу едноставен: Луѓето!
Колку од вработените ги знаат вредностите на организацијата, колкумина се вистински поврзани со нив и колкумина имаат чувство на припадност? Дали воопшто се чувствуваат дел од организацискиот систем или пак целта на нивното работење е само преживување?
Овие прашања се клучни кога се зборува за организациски системи.
Меѓутоа сѐ започнува од семејните системи. Еден организациски систем е збир на поединци, кои што потекнуваат од свој уникатен фамилијарен систем. Секој од нас во себе го носи својот фамилијарен систем и истиот потсвесно го пресликува во организацискиот. Влијанието на семејните системи и динамики, во секојдневниот живот на лично и професионално поле, е огромно. Тие се основата на вредностите од коишто произлегуваат начинот на комуникација, на однесување и дејствување.
Сите овие испреплетени динамики што се провлекуваат низ целиот наш живот и што нѐ прават да бидеме тоа што сме, се столбовите на кои се темели нашиот живот.
И во една организација сите вработени се системски поврзани во организацискиот систем и зависат еден од друг. Оваа поврзаност не познава хиерархија, туку организацијата ја движи поврзаноста човек со човек. Организацискиот систем вели дека, секој поединец е значаен и можеби не е најдобар, но е таму затоа што е потребен и едноставно затоа што е таму, каде што е.
Во каква улога сте на Вашето работно место? Што кажува вашето однесување? Што надополнувате, која емоција или која празнина од Вашиот семеен систем?
Во денешно време неизбежно е, функционирањето на една организација да не се погледне од една друга перспектива, како што е системска поврзаност. Тренинзи кои што ги откриваат динамиките во еден организациски систем се неизбежни, бидејќи преку нив се освестуваат обрасците на однесување, дејствување и комуникација на секој поединец.
Овие тренинзи ја гледаат организацијата како процес којшто е во постојан развој. Колку повеќе поединецот се развива на лично поле, толку повеќе неговиот напредок влијае на околината и креира промени.
Колку од вашите колеги, вработени, работат за да живеат т. е. да придонесуваат, а колку за да преживеат? Колку од нив вистински припаѓаат во организацискиот систем?
( продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 37