Стручни трудови и статии
Организациски системи – Еден друг поглед на организацијата ЛУДЕТО СЕ БИЗНИСОТ, БИЗНИСОТ Е ЛУДЕТО! Автор: Марина Анчевска
Основач на Центар за бизнис психологија-Системски НЛП на ЈИЕ НЛП тренер, сертифициран lifestyle коуч, инспиратор, јога учител Член на МАЧР
Чувството на припадност ја креира мотивацијата и желбата за растеж.
Никогаш не заборавајте дека ако не постојат луѓето, организацијата ќе биде само празен објект.
За жал, постојат многу организации во коишто иако има луѓе во нив, тие сепак се празни.
Креирањето на чувството на припадност е процес во којшто се работи на подигнување на свеста и на преземање лична одговорност во создавањето систем, во којшто сакате да припаѓате.
Како сме поврзани со самите себе – се рефлектира врз поврзаноста со другите, кон светот и обратно. Како сме поврзани со светот и со другите – укажува на тоа како сме поврзани со самите себе. Ние сме во една мрежа од релации и нашето постоење е во постојана поврзаност со другите и со светот околу нас. Сите потсвесни динамики што секој поединец ги носи во себе, се дел од креирањето на организацискиот систем.
И затоа, нвестирањето во личниот развој на вработените, не е трошок, туку повратна инвестиција!
Авторката на овој текст, Марина Анчевска, неодамна ја издаде својата книга ― Едноставно јас”, во која пишува за тоа како да се биде едноставно свој.
Во истата е прикажано дека човекот функционира на четири полиња: Ментално поле, физичко поле, поле на енергија и поле на душата. Сите четири полиња влијаат едно на друго и се надополнуваат. Според Марина, од клучно значење е да научете како да препознаете на кое поле е потребно да дејствувате за да креирате хармонија во сите други полиња. Запрашајте се себе си дали трошите или инвестирате време, пари и енергија? Дали ризикувате, правите нешто ново со цел да креирате промена или останувате на сигурно, затоа што тоа ви е познато и знаете што да очекувате? Овие и многу други прашања, практични вежби и искуства од областа на НЛП, коучингот, емоционалната интелегенција, јогата и семејната терапија ќе ве поттикнат да бидете едноставно свои!
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 38