Стручни трудови и статии
Развој на креативноста на лично ниво, развој на меките вештини...
Автор: д-р Елица Перчинкова Член на МАЧР
Од голема помош за лидерите, е да разберат како групите и индивидуите функционираат. Потребно е да се познава групната динамика во тимот и во организацијата, фазите на тимската работа, очекуваните проблеми, техники за решавање на конфликтите. Како заеднички содржател на сите фактори кои влијаат врз ефективноста на тимската работа е ефективната комуникација.
Секој член на тимот треба да биде фокусиран на целите и да соработува со другите членови на тимот. Во секој тим може да постои конфликт и недостиг од разбирање на концептот. Секоја индивидуа треба да ја види својата улога во групата, но, исто така, е потребен и лидер да ги вклучи членовите во тимот кон постигнување на групните цели.
Улогата на водството е клучна кон постигнувањата на една успешна и креативна група. Секој член треба да биде свесен за својата улога, функција и одговорност и тоа мора да биде јасно дефинирано и напишано за да се избегнат конфузии, недоразбирања и можни конфликти. Секој мора јасно да ја види својата улога согласно со неговите лични и други должности и да помогне групата, односно тимот да ја постигне целта. Придонесот од групната практика во смисла на тоа како индивидуите ја користат силата на групата и ги препознаваат постигнувањата и изведбата се многу важни и не треба да се занемарат во групното работење. Корисно е да се земат предвид концептите како групна креативност, тимски развиена структура и организација ако се види дека има можност за развој на групата кон заедничката цел.
Начинот на кој индивидуите во групата одговараат на авторитети и корелираат со него се многу важни. За да се постави групна кохезија и секој да работи заедно со другите, важно е да се разбере како индивидуите реагираат во групите и ги согледуваат своите улоги и како гледаат на нив.
Тимот претставува група на луѓе со полно множество на комплементарни веш-ти-ни потребни за да се заврши една задача, работа или проект. Членовите на тимот работат со висок степен на меѓузависност, споделување на овластувањата и се одговорни за колективна изведба. Тие работат за постигнување заедничка цел и заеднички ги слават победите. Во еден тим, кој треба навистина да функционира како таков, а не само како работна група, целите не се поставуваат туку-така; задолженијата не се распределуваат туку-така. Целта на тимот е да го користи ефектот на синергија. Синергијата настанува само при креативна соработка, кога членовите меѓусебно се инспирираат, што е единствено возможно кога сите имаат рамноправна положба во тимот.
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 36