My first Magazine Vesnik br.7 | 页面 30

Стручни трудови и статии
Инвестирање во развој на менаџерските вештини – клучна компонента за траен успех во управување со човечките ресурси
Автор: м-р Сашка Тодоровска
Еволуцијата во сфаќањата за менаџментот со човечките ресурси воедно доведува до прифаќање на различни пристапи и начини на фокусирање кон квалитетно управување со работната сила. Но земајќи предвид дека човечките ресурси се тие кои директно влијаат во остварување на целите на организацијата, уште поголема станува потребата од фаворизирање на холистичкиот пристап кон учество на вработените и нивна одговорност за своето однесување. Можеби избледува неговото значењето како поим, но во суштина сеуште важи за клучен елемент во постигнувањето на стратешките цели. Врз основа на тоа при управување со човечките ресурси би требало да се стави фокус на следните работи:
� Овозможување на развој на работната сила во организацијата како една целина
� Сеопфатно разбирање на целите на организацијата од страна на вработените
� Овозможување на нивно партнерство во текот на исполнувањето на целите
� Развој на односите на организацијата со окружувањето
Достигнувањето на еден ваков пристап во функционирањето на организацијата не само што ќе ја зголеми посветеноста на вработените и ќе го овозможи остварувањето на организациските цели, туку ќе го зголеми и квалитетот на работниот век на вработениот.
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 30