My first Magazine Vesnik br.7 | Page 31

Стручни трудови и статии Обид за кариерна промена: Како да ја најдете најдобрата верзија од себе? Автор: м-р Ана Салтирова Давидовски HR менаџер во АМСМ & НЛП тренер Член на УО на МАЧР Време е за еволуција, а не за револуција, време е за постојано проучување, учење, одучување и повторно учење за да можеме да го следиме трендот на постојана промена. Оние кои се поготврени да ја пресретнат промената, кои се подготвени да учат постојано ќе ги прошируваат границите ќе ја креираат и унапредуваат најдобрата веризија од себе – ЈАС 2.0. Постојано отворени, кои негуваат поинаков начин на размислување учејќи сè и од секого, преиспитувајќи ги добиените одговори, тие ќе бидат креаторите на новите работни места кои економијата не ги познаваше пред десетина и помалку години, како што се: Менаџер на on-line заедница, Професионален блогер, Адвокат на пациенти, Координатор за менаџирање на таленти, Менаџер за искуството на корисниците, Едукативен консултант, On-line фитнес инструктор, Програмер за мобилни апликации или пак Декустатор на сладолед, Терапевт за смеење, Декустатор за кучешка храна, Чоколаден инженер, Јога инструктор за кучиња, Писател на пораки во кинески колачиња, Детектив за миленичиња, Дегустатор на меден месец, Контролор на тобогани... Можеме да бидеме најдобра верзија од себе првично ако се запознаеме, засакаме, си веруваме, се подржуваме и одиме само напред во тоа да бидеме тоа што сме и да го работиме тоа што сме, да живееме, да бидеме платени и да заработуваме за живот правејќи го она во кое уживаме и кое сме ние всушност. Ако таква професија нема ЈАС 2.0 ќе ја креира, како што некој не многу одамна ја креираше Шетач на кучиња Немојте да дозволите едноставноста на овој текст, питкоста на содржината да ја разбуди вашата логика и да ве сопре во остварување на вашите идеи, се што гледаме денеска е идеја за која некогаш некој храбар бил исмејуван од „реалистите―. На патот на успехот најголемата препрека ја имаме од ЈАС, најголема препрека сме си самите на себе, се она што до тогаш не имаат научено да веруваме за себе, за тоа кои сме и што можеме и не можеме. Една од многуте врати кои ни овозможува да погледнеме внатре во себе си, која помага да одучиме некои не корисни програми и да научиме нови програми е НЛП-то (неуро лингвистичко програмирање). НЛП ја проучува структурата на човековото субјективно доживување на светот, наука која го проучува начинот на кој луѓето постигнуваат успех и извонредни резултати во најразлични области, а преку моделите, вештините и техниките ги подучува како тоа да го постигнат. НЛП-то не се труди да го смени светот туку се труди да го смени погледот на поединецот на светот. Вистинскиот напредок се мери според личните стандарди, а не по стандардите кои се проектирани од окружувањето, во поширока смисла и општеството. Верувањата со кои се влегува во работата во голем дел го диктираат (не)успехот. Тоа се лични верувања на кои секој може да работи и да ги менува, преземајќи ја одговорноста за (не) успехот. Малата разлика кај луѓето која прави голема разлика во резултатите е начинот на кој се размислува. (продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 31