Стручни трудови и статии
Инвестирање во развој на менаџерските вештини – клучна компонента за траен успех во управување со човечките ресурси
Автор: м-р Сашка Тодоровска Магистер по менаџмент на човечки ресурси Член на МАЧР
Нагласувајќи ја важноста да се биде јасен во преземањето на улогите и одговорностите во една организација придонесуваме за зголемување на свеста и кај останатите вработени за нивна посветеност и желба за успех. Знаеме дека традиционалниот начин на управување со работната сила се менува пребрзо особено во поголемите организации, но што е уште поважно интеракцијата на вработените со нивните директни менаџери поттикна потреба од инвестирање во развој на одредени вештини кај менаџерите.
Карактеристично за една организација е третманот на вработените од нивниот менаџер. Тоа влијае врз нивната продуктивност, креативност и успешност што всушност ја издвојува организацијата од нејзината конкуренција.
Во делот на развој на компетенции на потенцијалните лидери особено е важно да се внимава да истите веќе поседуваат едно значајно ниво на културна интелегенција. Тоа ќе биде основата за инспирација и една ефикасна комуникација со вработените. Однесувањето на менаџерот има еден вообичаен тек, кој воглавно изгледа вака:
� воспоставување на комуникација, потреба од стекнување на авторитет и градење на доверба
� вршење на ефективно лидерство и менаџмент, односно користење на широк спектар на пристапи
� практикување на свесно размислување, планирање и реално перцепирање на конфликтни случувања
Ова се неколку чекори кои се меѓусебно зависни. Да се поседува способноста да се наметне одреден став и да се делува согласно своите зборови и ставови е една од посакуваните карактеристики за еден менаџер. Од суштинско значење за стекнување на авторитет е менаџерот да развие вештини за ефикасно управување со перформансот, мотивација, тимот за развој како и да поседува интерперсонални и комуникациски вештини.
Вработените во најголем дел знаат да го ценат нивото на знаење и вештини, доколку ги поседува нивниот менаџер. Тоа го покажуваат со нивна лојалност и посветеност кон работата а воедно и почит спрема својот надреден. Тие сакаат да ја почувствуваат слободата, како би ја зголемиле и продуктивноста што несомнено е дел од очекувањата и за 2017 година. Една од најважните алатки од делот на управување со човечки ресурси треба да биде и способноста на менаџерот да се насочи кон решенија и можности за дејствување во конфликтни ситуации.
Во други ситуации, кога однесувањето на менаџерот оди во спротивна насока од горенаведеното, неможе а да не се очекува пад на продуктивноста, недоразбирање и незаинтересираност од страна на вработените. Како резултат на тоа во голем дел од организациите се потврдува изјавата која вели дека вработените даваат отказ поради менаџерот, а не поради организацијата.
( продолжува) ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 29