My first Magazine Vesnik br.7 | Page 13

МАЧР денес и утре Реализирани активности на МАЧР HR КАФЕ & NETWORKING, редовни месечни настани на МАЧР , спој на корисно и пријатно за членствите, партнерите и гостите... Неформалниот настан „HR кафе и Networking” е отворен настан што Македонската асоци- јација за човечки ресурси редовно го организира за своите членови и за сите заинтересирани лица што сакаат да слушнат нешто ново од HR областа, да споделат и да разменат корисни и интересни искуства, добри практики, да остварат контакти што понатаму би резултирале со идни соработки... При тоа практикуваме на секое HR кафе да имаме специјален гостин- предавач што има кратко обраќање на актуелна тема. Септемвриско HR-кафе & Networking 28 септември 2016, Скопје Мериот хотел На ова HR-кафе на тема “Развој и компетенции на нови лидери и менаџери”, пред повеќе од 110 присутни гости, своите искуства ги споделија Димитар Османли, претседател на Надзорниот одбор на МАЧР, Дарко Петровски, генерален секретар на МАЧР и Благица Ризоска– Ваниќ од Ембра Корпорација, со посебен осврт на пречките со кои се соочуваат младите луѓе во Македонија после завршување на формалното стручно образование и потребите на компаниите во однос на потребните компетенции за работните места. Воедно, на ова дружење беа презентирани и главните цели на Еразмус проектот “Развивање на следната генерација лидери и менаџери низ применето знаење” кој е спороведуван од страна на М6 Едукативниот Центар, Економскиот Факултет при Универзитетот во Љубљана, Идеа ОК, Италијанската асоцијација на човечки ресурси и Македонската асоцијација на човечки ресурси. Настанот претставуваше вовед во претстојната интернационална HR конференција која се одржа на 13 и 14 октомври во организација на МАЧР, каде што оваа тема беше една од главните презентирани теми. Линк до презентации ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 13