My first Magazine Vesnik br.7 | Page 14

МАЧР денес и утре
ХРОНОЛОГИЈА НА НАСТАНИТЕ“ HR-КАФ КАФE & NETWORKING”

З а време на овој настан, зборувавме и ги проширивме нашите хоризонтите на перцепцијата и одблиску се запознавме со техниките на Неуро-лингвистичкото програмирање— НЛП.

Која беше идејата што нè поттикна да ја избереме оваа тема? Секојдневните ситуации во кои често пати се затекнуваме со различни или спротивни ставови во разговор со нашите соговорници, а на крај се испоставува дека и двајцата сме во право? Случаеви во кои е изградена слика за одредена ситуација, за која по извесно време се сфати дека на истата може да и се пристапи од друг аспект и целосно го променува нашето мислење и став?.... Овие и многу други ситуации беа согледани со помош на техники од Неуро-лингвистичкото програмирање( НЛП) со помош на нашата гостинка-говорник на настанот, Ана Салтирова Давидовски.
Презентација— линк
Тема: СЕ Е ПЕРЦЕПЦИЈА
29 ноември 2016, МКЦ клуб ресторан – Скопје.
“ Ние не ги гледаме работите какви што се, ние ги гледаме работите какви што сме!!!”
Ана е менаџер за човечки ресурси во АМСМ, воедно и НЛП тренер која со помош на техники од НЛП не водеше низ темата со цел да го разбереме сопствениот ум, начините на кои комуницираме и зошто е важно да бидеме свесни за сопствените мисли и навики. Таа активно работи на развивање и испорака на обуки за меки вештини а нејзиниот интерес е насочен на можностите за развој на секој ― просечен ‖ поединец, како и унапредување на работата со учење од разликите. Ана воедно е и член на Управниот одбор на Македонската асоцијација на човечки ресурси.
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • октомври 2017 www. mhra. mk 14