КЛУЧНИ КАРАКТЕРИСТИКИ
• Студиска програма дизајнирана по примерот на студиските програми на најреномираните европски и светски универзитети.
• Конкретна ориентација кон стратегиските и меѓународните аспекти на управувањето на вработените во компаниите и во јавните институции.
• Настава базирана на најновите научни достигнувања и теоретски концепти.
• Примена на најсовремени методи за изведување на проектно-ориентирана интерактивна настава со анализа на студии на случај и примери од практиката на светски успешните компании.
• Реномирани професори од областа на организациските науки и подрачјето на менаџментот на човечки ресурси.
• Ангажирање на експерти и професионалци во областа на менаџментот на човечки ресурси од земјата и странство.
ЦЕЛИ НА ПРОГРАМАТА
Со усвојување на сознанијата од оваа студиска програма, се очекува студентите да бидат способни да ја унапредуваат својата професија, да можат на иновативен и претприемнички начин да придонесат за развој на својата работна средина и бизнис окружување, да ги применуваат принципите на ефикасност и етичност во своето делување и односи со вработените, и да бидат способни и отворени за прифаќање и брзо приспособување на организациските промени кои ги наметнува денешното глобализирано и динамично работење.
РАБОТНИ МЕСТА ЗА КОИ СЕ ОСПОСОБУВААТ МАГИСТРАНТИТЕ
� Дипломирани студенти; �
�
�
�
�
Менаџери или професионалци вработени во одделите за човечки ресурси во приватните компании;
Претприемачи и линиски менаџери кои според описот на работните задачи се задолжени и за менаџмент на човечки ресурси;
Директори, раководители или службеници одговорни за менаџментот на човечки ресурси во државни институции, државни агенции, во општините и во сите оние институции во кои се извршуваат некои од основните МЧР функции како вработување, обука и развој и односи со вработените;
Вработени во агенции за посредување при вработување, центри за обука и кариера, консултантски куќи;
Вработени во образовни институции како
• Соработка со професионални |
|
|
|
асоцијации од областа на
ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр. 7 • предавачи октомври или човечките ресурси.
2017
|
следниов линк или Студентски прашања( 02) 3286-829
КОНТАКТ: www. mhra. mk
|
12 |
истражувачи во оваа област.
УСЛОВИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
Услов за запишување претставува завршен прв циклус студии со времетраење од 8 семестари или најмалку 240 кредити. Факултетот нуди програма по Стратегиски менаџмент на човечки ресурси и за двегодишни студии за која услов за запишување претставува завршен прв циклус студии со најмалку 180 кредити( подетално за оваа програма можете да најдете на веб страната на Факултетот).
НАЧИН НА ФИНАНСИРАЊЕ
Студиите се врз база на самофинансирање и чинат вкупно 2.000 евра во денарска противвредност. Цената на секој семестар е 500 евра( 2 х 500 евра). Пријавувањето и одбраната на магистерскиот труд е 1000 евра во денарска противвредност. Пријавувањето на испитите се 25 евра во денарска противвредност.
ДОКУМЕНТИ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ
1. Пријавен лист за запишување на УКИМ и уплата од 50,00 ден административна такса;
2. Електронска пријава( www. upisi. ukim. edu. mk);
3. Копија од уверение за завршени четиригодишни додипломски студии( заверена на нотар);
4. Потврда за активно познавање странски јазик( заверена на нотар);
5. Кратка биографија( CV);
6. Извод од матична книга на родени( оригинал, без разлика на датумот на издавање);
7. Уверение за државјанство( оригинал, без разлика на датум на издавање).
Детални информации за условите за запишување, потребната документација, организацијата и временскиот распоред на студиите, заинтересираните кандидати може да ги добијат на
Проф. д-р Љупчо Ефтимов( eftimov @ eccf. ukim. edu. mk)( 02) 3286-875 Проф. д-р Стојан Дебарлиев( stojan @ eccf. ukim. edu. mk)( 02) 3286-916