My first Magazine Vesnik br.7 | Page 11

МАЧР денес и утре МАЧР Проекти Избор на HR менаџер за 2017 година Почитувани HR менаџери, Македонската асоцијација за човечки ресурси и оваа година продолжува со процесот на доделување на најголемото признание во областа на Менаџментот на човечки ресурси, односно наградување на најпосветениот и најангажираниот HR менаџер во Република Македонија. Наградата ја воведовме во 2014 година, со единстверна цел да се препознае, признае, промовира и да се награди успехот на најпосветениот професионалец во делот на управување со човечките ресурси. Промовирање и признание за HR-менаџерот, а воедно и промовирање и признание на организацијата која е посветена во интегрирање на успешните практики во делот на управувањето со човечките ресурси како една од носечките алки во делувањето на организацијата. Повеќе информации за процесот на изборот и начинот на номинирање можете да погледнете на www.mhra.mk! Ве поттикнуваме да го номинирате вашиот предлог- кандидат за избор на HR менаџер со цел признанието да биде врачено на најпосветениот HR- професионалец! Со нетрпение ги очекуваме Вашите номинации! ЧОВЕЧКИ КАПИТАЛ бр.7  октомври 2017 www.mhra.mk 11