My first Magazine S-Work Magazine By Star-Star Skopje Macedonia | Page 7

Лив, 24 години, работи во агенција за деловна придружба- ВИАЛЕТ ЕСКОРТ СЕРВИС
Пред некој ден имав состанок со еден нов клиент во еден хотел во Германија. Одлучивме прво да јадеме нешто и за време на вечерата ми раскажуваше за неговиот живот, за неговиот развод, како жена му со месеци не го задоволувала орално и како му недостигаат децата. Додека разговаравме, забележав дека ноктите му се грозни- беа цели изгризани до корен и изгледаа како да ќе почнат да крварат секој момент. Дури и за време на вечерата на неколку пати ја тргаше вилушката за да може да ги грицка. Откако се вративме во хотелската соба, ја наполнивме кадата и тој почна страсно да ме бакнува. После сексот осетив нешто тврдо и остро во устата. Плукнав. Тоа беше парче од неговиот нокт.
Сакам да кажам дека хигиената е важна, јас не те познавам, потруди се да бидеш чист кога ќе се гледаш со мене. И јас го правам тоа.
Покрај хигиената, едно од најважните правила е користењето кондом. Невероватно е колку типови се обидуваат да го изиграат тоа правило. „ Навистина сум чист, сега брзо сум се тестирал“. Ама ајде ти се молам. Тоа го уништува расположението, а покрај тоа, однапред си знаел дека безбедниот секс е еден од условите за да ме ангажираш. Истото важи и за личните податоци. „ Можеш да ми го кажеш вистинското име, зарем не? Зарем немаш мобилен телефон на кој можам дирекно да те добијам? Не. Работата со деловна придружба носи толку многу ризици, па затоа сите ја цениме својата приватност. Обично ми даваат визит картички, во случај да посакам да ги повикам. Секогаш ги земам, а потоа ги фрлам во ѓубре штом ќе си отидат.
Мишел, 34 години, работи како стриптизета 14 години
7