My first Magazine S-Work Magazine By Star-Star Skopje Macedonia | Page 8

Често ме ангажираат група на момци кои сакаат стриптиз. Обично се поприлично пијани и имаат проблем со тоа да седат исправено. Трезните клиенти разбираат за граници, но некои клиенти ги игнорираат правилата.
Едно од правилата е: Не станувај од столот! Клиентите често се обидуваат да станат и да почнат да играат со мене. Знам дека не мислат ништо лошо, но целата моја изведба е токму за вас. Имам однапред подготвена кореографија на одредена музика, и ако морам секој пат да те враќам на столот пред да продолжам, тоа ја прекинува целата работа. Еднаш изведував точка за еден пијан тип кој не сакаше да игра со мене, па ме зграба за струк и ме подигна во воздух. Јас често користам коцки мраз за својата изведба, и можете да претпоставите што се случи следно: типот се лизна и се тресна на подот. И кога ќе се случи такво нешто, претставата е завршена, а јас само одам по моите работи.
Моли, 26 години, работи како сексуална работничка 4 години
Моето прво правило за клиентите: Немој да бидеш тип кој мисли дека треба да ме спаси. Постојат два типа на клиенти. Првите се оние кои се однесуваат заштитнички. Прво сакаат да разговараат за твојот приватен живот и поставуваат премногу лични прашања, вклучувајќи и тоа дали работам сама и по своја желба. Има и клиенти на кои многу ќе им се допаднеш, па посакуваат да те спасат од овој „ грозен живот“ во кој работиш како сексуална работничка. Таквите клиенти постојано зборуваат за работи како што се: „ Многу си паметна и симпатична. Не ти треба ваква работа“, или, „ Зашто не пробаш да најдеш вистинска работа?“ Тоа ужасно ме нервира затоа што не ме сфаќаат сериозно. Разбирам дека имаат добра намера, но јас сум професионалец кој сериозно си ја сфаќа работата.
Постојат и типови кои ги преминуваат сите границите и кои сакаат нешто повеќе, на пример: „ Се познаваме подолго време, зарем неможе барем еднаш без кондом?“ или пак „ Можеме ли да продискутираме за цената?“ Тоа секогаш ми го убива расположението. Порано се трудев да им објаснам на мирен и културен начин дека тоа не може така да функционира и дека си имам јас свои правила. Но ваквиот пристап никогаш не вродил со плод, па морав да станам малку построга со нив.
Најдобрата работа која клиентот може да ја направи за мене е да ми каже што сака. Често ми доаѓаат нови клиенти кои се многу нервозни и кои не знаат да разговараат за секс. На нив им е тешко да кажат што сакаат, а што не, и што ги возбудува. Доколку ми кажат, во тој случај и подобро ќе си поминат.
8