Источна
Сексуалните работници ги советуваат своите клиенти како да се однесуваат кон нив
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа
Смееме ли да ги прашаме сексуалните работнички дали можат да ни ја намалат цената за орално задоволување поради тоа што сме лојални клиенти? Смееме ли да ги допираме полуголите стриптизети кои играат пред нас?
Со мал број на исклучоци, повеќето луѓе знаат како треба да се однесуваат во продавница, на фризер, или кога се возат во такси. Знаат дека не треба да се туркаат преку ред, дека треба да остават бакшиш и да не повраќаат на задното седиште. Но многу луѓе не знаат како треба да се однесуваат со сексуалните работнички.
Кога ќе земеме предвид дека мажите и жените кои работат во секс индустријата ги нудат своите тела, во ред би било да се потрудиме да бидеме примерни кон нив. Но што смее, а што не? Смееш ли да замолиш сексуална работничка да ти даде попуст за орално задоволство затоа што си редовен клиент? И дали смееш да допираш полугола стриптизета која игра пред тебе?
Четири сексуални работници објаснуваат што е дозволено, а што не, додека клиенти ги користат нивните услуги.
Кевин Тале, 35 години, работи како стриптизер 10 години
Како стриптизер, после настапот луѓето најчесто ти кажуваат:„ Еј, не ти го видовме мачорот“. Но целата поента на стриптизот е заведувањето, највозбудливите делови се препуштаат на фантазијата. Јас мислам дека шоуто е забавно и важно, но ако сакаш да го видиш мојот мачор, тогаш ќе изведам танц потполно гол, а потоа веднаш ќе се облечам. И немој да ме ангажираш за да му биде на некој непријатно. Тие тогаш седат и делуваат дека им е премногу непријатно и рацете ги држат подигнати. На ликот им се гледа дека не уживаат. Но се разбира, нејзините пријателки ме препорачале баш поради тоа-што забавно е да го гледаш тој што слави, а колку му е непријатно поради полуголиот тип кој игра. Работата е во тоа што јас давам се од себе за да не и биде непријатно. И знаеш што, ја изведувам цела кореографија, но многу е позабавно да танцуваш на некој кој се смее и нестрпливо чека да му се доближиш. Најважно е да ми се придружиш и да ме прегрнеш или да ме допреш кога ќе ти дадам сигнал. Но, дефинитивно мора да има граница. Пред неколку дена играв пред група постари госпоѓи. Една од нив сигурно имаше околу 70 години. Пукаше од ентузијазам во текот на целиот настап, а пред крајот застанав напред до нејзиното насмеано лице, потполно гол, освен тангата преку мојот пенис. Целата возбудена, таа ме зграпчи за пенисот и ме удри со сета снага. Ѓаволски ме заболе. Целата група се смееше, а кога успеав да земам длабок здив, почнав и јас да се смеам, но и понатаму се прашувам што и се случи.
6