Дали сметаш дека со регулација на сексуалната работа би се подобриле условите на сексуалните работници?
Секако. Сите би имале работни договори. Со декриминализација на сексуалната работа, нема да има потреба да изнајмуваш апармани и да работиш тајно. Ќе може да плаќаш даноци, нема да има потреба од работа со макроа за да те „ заштитуваат“, бидејќи работното место ќе ти биде безбедно, а со поддршка и соработка со колегите, насилните клиенти нема да можат да ти наштетат.
Што мислиш за аболистичкиот став за сексуалната работа кој го има северниот дел на Европа и кој исто така влијае врз Италија?
Прво, Италија имаше најлошо регулирани бордели, потоа почна да владее аболистичкиот закон. Во северниот дел на Европа, постои SWERFs [ организација на сексуалните работници- исклучиво радикални феминистки ] кои водат војна. Можам да кажам дека сме назад во пуританската ера. Шведска е расистичка земја со нацистички корени кои влијаат на политиките на други земји. Тие се патријахално настроени и имаат силна одбивност кон жените и дејствуваат на начин кои негативно влијаат врз жените. Во Холандија, се зборува за затворање на излозите. Во Германија, се зборува за донесување на закон за регистрација на сексуалните работници, со цел полесно да не испитуваат дали сме заразни. Воопшто не се заинтересирани за нашите работни услови. Нив им е важно само да го заштитат општеството од нас курвите.
Дали мислиш дека аболиционистите намерно ја поистоветуваат трговијата со луѓе со сексуалната работа? Кое е твоето мислење те за тоа?
Мислам дека тоа е страшно. Никој не ни дозволува да зборуваме за тоа што работиме и зошто работиме, туку ни наметнуваат нивни мислења. Трговијата со луѓе е навистина голем проблем. Но, тоа нема никаква врска со оние како мене, кои сами сме ја избрале сексуалната работа. Секој кој што вели дека сме експлоатирани, едноставно кажува лага.
5