Источна
Интервју со Соња, сексуална работничка од Италија, мигрант во Германија
Сексуалните работници, нивните човекови права и борбата против ХИВ во Централна и Европа
Соња има 33 години, работи и живее во Германија. Таа веќе 6 години работи како сексуална работничка. Во нејзиното интервју за BesD- The Professional Association Erotic and Sexual Services, отворено зборува за нејзината работа.
Пред сè, како и зошто започна да работиш како сексуална работничка? Дали е тоа твој личен избор или беше
принудена на тоа?
Се преселив во Германија со цел да најдам работа со мојата диплома. Во мојата земја, бев невработена, како повеќето и тоа беше причината да заминам во странство за да си ја пробам среќата. На почетокот сменив неколку работни места, меѓутоа ниту едно не ми беше доволно за да ги покријам месечните трошоци. Така почнав да работам како сексуална работничка, верувајќи дека со оваа работа ќе можам да заработам повеќе. За мене, сексуалната работа е работа како секоја друга. Запознав девојка која исто така е сексуален работник и која несебично со мене сподели неколку совети. Влегов во секс индустријата по мој личен избор, никој не ме натера на тоа.
Дали ти пречи јавно да говориш за своите клиенти? Дали се насилни? Како се чувствуваш кога продаваш сексуални услуги?
До сега не сум имала искуство со клиенти кои се насилни. Добрата работа е што тука не мора да се криеш и можеш да работиш на места кои се безбедни, каде што секогаш постои некој да ти помогне во некоја непријатна ситуација. Како се чувствувам? Одлично. Ова е моја работа. Често знам да се забавувам, иако понекогаш ми здосадува, но тоа му се случува на секого. Доколку не ми одговара некој клиент, со него прекинувам секаков контакт.
Дали познаваш мажи и трансодни лица кои работат како сексуални работници? Да, секако. Мажите се помалку барани, додека пак транс сексуалните работници работат одлично. Дали планираш да ја работиш оваа работа засекогаш?
Засекогаш? Ништо не е вечно. Можеби ќе престанам да работам утре, можеби за 25 години. Тоа не може никој да го знае. Никој не знае што го чека утре.
Зошто замина во Германија да работиш како сексуална работничка?
Бидејќи, во Италија е потешко да работиш како сексуален работник. Се додека не ја регулираат професијата со закон, се повеќе Италијанци ќе заминуваат во Швајцарија, Германија, или Холандија. Навистина е потешка ситуацијата во Италија. Можам да кажам дека ескортите и оние кои работат во приватни апартмани може да заработуваат доволно, но сосема е различно за оние кои работат на улица и кои најчесто се експлоатирани од страна на макроата.
4