www.imperial-tobacco.com
Април 2015
Imperial
5
На кафе со...
В
о деновите на најголема зафатеност
на Даниел Кајмакоски, пред учеството
како претставник на Македонија на „Евровизија 2015“
во Виена, успеавме за кратко
да го оттргнеме од обврските
и да испиеме кафе со него.
Љупчо и Кети Анастасови
од киоскот „Супер тобако“ во
ТЦ „Лептокарија“ во Скопје
ја имаа честа да се запознаат
и да разговараат со него. Во
фантастичната викенд-атмосфера на кафе-барот „Брик
бар“, Даниел ни раскажа како
поминало за него времето од
победата на „Икс-фактор“ до
денес и како гледа тој на трговијата во Македонија.
Даниел, целиот регион e
воодушевен од твојот талент кој беше потврден и со
победата на „Икс-фактор“
минатата година. Како би ја
опишал изминатата година,
која сигурно го смени твојот
живот?
2014 година беше пресврт за
мене. Добив многу убави работи – пред сè моите обожаватели без кои немаше да сум
таму каде што сум.
По „Икс-фактор“, се стекна
со наградата „Откритие на
годината“ на „Златна бубамара на популарноста“, за
потоа да го освоиш и првото
место на Скопскиот фестивал кој те носи на „Евровизија“. Колку овие награди ти
значат и како се чувствуваш
како претставник на Македонија на „Евровизија“, со
оглед на тоа што си р