4
Imperial
Април 2015
www.imperial-tobacco.com
Гласот на трговците
Љубезниoш однос носи лојални куиувачи
За овој број на Imperial, ги посетивме Охрид, Кочани, Скопје и Штип, каде што поразговаравме
со четворица сопственици на различни продажни места. Тие отворено зборуваа за своите
почетоци во трговските води, начинот на функционирање и односот со луѓето, а нивните
приказни можете да ги прочитате во продолжение.
Марија Наумоска,
Драган
Димитровски-Џаиќ,
тобако „Горичко“
В
о самиот центар на Охрид, веќе три години
успешно функционира
тобакото „Горичко“ во сопственост на Марија Наумоска, во кое, вели, ги вложила
целиот свој труд и знаење од
областа на трговијата.
Пред да го отворам „Горичко“,
бев посветена на чевларскиот
бизнис, кој одземаше мошне
голема енерија, особено поради
одењето во Турција за набавка на стока. Сега, во овој бизнис, олеснителна околност
е што стоката ти ја носат
дистрибутерите. Во нашето
тобако, правило е сите производи да бидат наредени, особено цигарите, зашто најмногу се трошат и мора да бидат
киоск „Балила“
на дофат, за да не се забавува услугата. Кога сме кај нив,
охриѓани особено уживаат во
цигарите на „Империал Тобако“, најверојатно поради
пристапната цена и врвниот
квалитет, истакна Марија.
За Марија, задоволство е да
се има еден ваков дуќан со
брзообртна стока, бидејќи
како што вели таа, поголема е
фреквентноста на купувачите,
а паралелно со тоа, и бројот на
интересни случки, кои деновите ги прават поинтересни, а
работата – уживање.
В
о непосредна близина на основното училиште „Малина Поп
Иванова“ во Кочани, веќе
15 години успешно функционира киоскот „Балила“ во
сопственост на Драган Димитровски-Џаиќ. За Драган
поддршката од семејството е
круцијална, особено за еден
ваков 24-часовен бизнис, кој
според него, за да вирее, мора
да се темели врз добар однос и
комуникација со купувачите.
Доброто функционирање на
нашето тобако, пред сè, се
заснова врз градење добар од–
нос, било тоа да е со купувачи,
доставувачи или, пак, комерцијалисти. Тоа ни е импера-
Тони Петкоски,
Атанас Дамјанов,
киоск „Тутун пром“
тив во работењето, зашто
добрата релација со луѓето
создава меѓусебна лојалност.
Ние со сите што соработуваме имаме коректен однос, но
најмногу би ги издвоил комерцијалистите на „Империал
Тобако“, кои навременo си ја
вршат својата работа , што
укажува на нивната професионалност. „Империал“ не
заостанува ни по цигарите,
најбарани ни се Rodeo, Boss,
West, за кои многу пушачи велат дека се незаменливи, ни
кажа Драган.
киоск „Далуке“
Т
они Петкоски е сопственик на киоскот
„Тутун пром“, кој се
наоѓа во Штип, на одлична
локација со голема раздвиженост и флуентност на луѓе. Тој
во трговскиот сектор влегол
со големо искуство и знаење,
стекнато во тогашниот „АД
тутун“, а мотивацијата и желбата ги смета за предуслов за
успешен бизнис.
Навлегувањето во бизнис-водите бара соодветна поткованост, што е предуслов за
полесно и подобро одвивање
на работите. Потребни се голема посветеност, дисциплина, следење на законите, пазарот, конкуренцијата, зашто
целта е, нели, што поголема
продажба на производите и
што поголем профит. Кај нас,
најголемиот дел од побарувачката оди на цигари. Без оглед
на сите забрани и ознаки, пушачите и понатаму си уживаат во тутунот, едноставно не се откажуваат.
Тони особено задоволство
изрази од односот со доставувачите и комерцијалистите
на „Империал Тобако“, за кој
вели дека е резултат на меѓусебна одговорност и разбирање.
А
танас
Дамјанов од
Скопје веќе 25 години
е во трговскиот занает,
од кои последните 12 успешно
го води киоскот „Далуке“, кој
се наоѓа во населбата Аеродром, во Скопје. За доброто
функционирање на „Далуке“,
заслужни се и членовите на
семејството на Атанас, кои со
својата поддршка овозможуваат одржување на нивниот
семеен бизнис.
Максималната посветеност
на работата несомнено носи
поголем број купувачи и поголема заработувачка, а гледајќи го тој факт, кај човек
сè повеќе се зголемува желбата за работа, но и љубовта
кон неа. Сето тоа не би било
комплетно ако се нема добра
соработка со доставувачите,
од кои за најдобри би ги издвоил оние на „Империал Тобако“,
кои се доста ажурни и коректни, а воедно се и клучна
алка за добрата продажба на
цигарите, вели Атанас.
Според него, на каква локација се наоѓа дуќанот и не е од
толку големо значење, колку
што се важни вложувањето,
трудот и одржувањето на ферплеј однос, кои знаат да донесат многу лојални купувачи.