IT Apr. 2015 | Page 3

www.imperial-tobacco.com Април 2015 Imperial 3 Интервју Панделе Панделески, извршен директор на „Еуро табак“ Со „Имиериал Тобако“ сме како едно Д околку ги имате производите на „Империал Тобако“ во вашата продавница која се наоѓа надвор од Скопје, „вината“ за тоа ја има официјалниот дистрибутер „Еуро табак“. За заедничкиот партнерски настап на „Еуро табак“ и „Империал Тобако“ на македонскиот пазар разговаравме со Панделе Панделески, извршниот директор на оваа силна македонска дистрибутивна компанија. Колку време „Еуро табак“ постои на македонскиот пазар? ДОО „Еуро табак“ – Скопје е приватна компанија за дистрибуција, основана во декември 2002 година. Кои производи влегуваат во вашето дистрибутивно портфолио? Уште од своето основање, „Еуро табак“ функционира како ексклузивен дистрибутер за производите на „Империал Тобако – ТКС“. Покрај дистрибуцијата на производите на „Империал Тобако“, што е нашиот основен бизнис, ние сме и главни дистрибутери за е-ваучерите на „Т-мобиле“, а во 2009 година формиравме и дивизија за дистрибуција на брзообртна стока. Тука спаѓа програмата на Чунга лунга, чипсовите Чио на „Интерснак“, производите на „Сапонија“ и „Кандит“, како и дел од палетата на „Улкер“ и идејата ни е во иднина да продолжиме да се развиваме во таа насока. Колку вработени има „Еуро табак“ и колкав дел од нив се посветени на продажба и дистрибуција на производите на „Империал Тобако“? „Еуро табак“ за потребите на својата дистрибуција има професионален тим од 134 вработени. Од нив околу 90 работат во тутунската дивизија. Нашата работа е организирана преку 18 регионални дистрибутивни центри, во секој поголем град на Македонија, со вкупен магацински простор од над 5.000 м2. Дистрибуцијата ја вршиме со 80 возила. Каква ви е соработката со „Империал Тобако“ за заедничко унапредување на работењето на пазарот? Би сакал да истакнам дека сите овие години на сора- ботка, односно на заедничко дејствување на македонскиот пазар, со „Империал Тобако“ функционираме како едно. „Империал Тобако“ перманентно вложува во едукација и доедукација на нашиот продажен тим, што придонесува за развој на продажните вештини на нашите комерцијалисти. За заедничкото унапредување на продажбата придонесува и нашиот софистициран информациски систем, кој овозможува директна комуникација со „Империал Тобако“. Односно, на дневна основа, сите податоци за продажба, сè што се случува на терен – каде и што сме продале – сè е веднаш достапно за увид од страна на „Империал Тобако“. Овој систем ни овозможува добра аналитика, која е основа на добро заедничко планирање на работењето. До колку трговски објекти ги дистрибуирате вашите производи? Во нашата мрежа за директна дистрибуција имаме вклучено над 5.000 малопродажни објекти низ целата држава. Што можете да кажете за бизнис-релациите со трговците? Колку можат тие да се потпрат на „Еуро табак“ и на вашите вработени? Во услови кога тутунската индустрија е пред голем предизвик, нашата заложба е градење стабилен бизнис и воспоставување цврсти партнерски односи со малопродажните места, во најголема мера преку брендовите на „Империал Тобако“, најголемата тутунска компанија во Македонија. Со оглед на нашата широка дистрибуциска мрежа и фактот што со малопродажните објекти имаме добри бизнис-релации подолги од 13 години, тие имаат целосна доверба во нашата услуга, што практично значи дека на нашиот комерцијалист му е дозволено да ги контролира резервите и сам да ја креира оптималната нарачка во малопродажното место. Во зависност од тоа за каков објект станува збор, нашите комерцијалисти секое продажно место го посетуваат од еднаш до трипати во неделата. Принципот на дистрибуција се заснова врз т.н. ex-van или продажба преку комбиња, што значи дека целиот процес на продажба (нарачка, испорака, фактурирање и мерчендајзинг) се комплетира при една наша посета. Главната придобивка на малопродажните места е што тие не се оптоваруваат со планирање на резервите на цигари, кои се производи со поголема вредност. Тие знаат дека лојалноста на пушачите кон брендовите е на многу високо ниво и дека доколку останат без резерви, на пример на Родео, пушачот што не го нашол својот бренд попрво ќе го смени продажното место отколку цигарите. Затоа, грижата околу резервите ни ја препуштаат нам и ние докажано ја оправдуваме таа доверба.