2
Imperial
Април 2015
www.imperial-tobacco.com
Воведничар
О
Кирил Величковски,
раководител за
продажба и развој
Уреднички тим: тимот на „Империал
Тобако ТКС“ и тимот на „Кликер Маркетинг“ (Наташа Атанасова, Александра
Каранфиловска).
Лектор: Сузана В. Спасовска
Дизајн и прелом: „Кликер Маркетинг“
Магазинот Imperial излегува еднаш на
три месеци. Imperial е B2B магазин за
трговци, кој не е наменет за продажба. Издавачот ги задржува правата да
ја одреди својата целна група. Целиот
магазин или делови од него не смеат да
се преземаат и да се користат за други
цели.
Информации за контакт:
Телефон: + 389 2 320 4544
Е-меил: ittks@mk.imptob.com
ваа 2015 година за нас е година на јубилеи на кои сме
исклучително горди и со големо задоволство ги споделуваме резултатите и успесите со сите
наши партнери, соработници и потрошувачи. Затоа што резултатите и јубилеите се секогаш заеднички успех кој ни
ги потврдува нашата меѓусебна лојалност и посветеност.
Ова е година кога одбележуваме 13 години присуство на „Империал Тобако“
во Македонија и 13 години од официјалното ребрендирање на нашата компанија, која веќе една и пол деценија неприкосновено ја носи позицијата број
1 на македонскиот пазар во делот на
тутунската индустрија.
Особена гордост за нашиот тим е и јубилејот на македонскиот бренд број 1
Родео – 15 години најпродаван бренд на
пазарот. Родео денес е историја, сегашност и иднина на едно место, со вградена посветеност и мотивација кои нашиот тим ги креираше напорно во сите
овие години.
Ова е, исто така, година кога пишуваме историја и градиме иднина за сите
наши брендови без исклучок. Отвораме
страница со многу години ретроспектива на сработеното, но и перспектива за:
најпродаваниот – Родео, најуспешниот
интернационален бренд West и најрастечкиот премиум-бренд на пазарот
Davidoff.
Нашите програми за успешна продажба
имплементирани со сите наши партне-
ри, дистрибутери и продавачи се мотив
плус да останеме посветени на целите
кои заедно нè прават горди и успешни
денес.
Во продажната мрежа, сите сме еднакво важни и еднакво успешни бидејќи
резултатите можат да бидат единствено
заеднички.
За нас, да се биде на врвот, значи долги
години тимска и напорна работа, поставување задачи, остварување заеднички
планови со дистрибуцијата и продажбата, реализација на бројни обуки и
програми и резултати. Да се остане на
врвот, пак, е најголемата цел. Таа подразбира работа на иднината во продажбата на нашите брендови, секојдневна
размена на искуства, совршена тимска
работа, комуникација, иновативност и
многу знаење и вештини.
Бидете подготвени на најпозитивниот
предизвик: следуваат нови иновативни
продажни активности и програми за
пораст и развој на вашиот бизнис.
На крај сакам да потенцирам: нашите задоволни потрошувачи остануваат
наша најголема награда и успех. Ние
остануваме доследни на нашите потрошувачи и партнери без кои 15 години
на врвот не беа можни.
Ви благодарам што заедно со нас го градевте успехот кој останува наш најголем
мотив и во иднина и ни посакувам уште
многу успешни заеднички јубилеи.
Со почит,
Кирил Величковски