IT Apr. 2015 | Page 6

6 Imperial Април 2015 www.imperial-tobacco.com Водење бизнис Правила за усиешен бизнис М но работење. ногумина својот бизнис го водат мислејќи дека со тоа што подготвиле сè и ги отвориле своите врати, парите ќе си дојдат сами по себе. Но, за да се биде успешен денеска, особено во мал бизнис, постојат некои работи на кои мора да бидете посветени во своето секојднев- 1. Бидете организирани. Секој ден пишувајте си листа на обврски. Ова ќе ви помогне да не заборавите некоја работа и да ги завршите сите задачи што се важни за вашиот бизнис. 2. Следете ги сите документи. Водењето мал бизнис значи да се соочувате со добри и лоши денови и притоа секогаш да се обидувате да ги избегнете овие вториве. Следете ги сите ваши документи за да знаете како стои финансиски вашиот бизнис и кои се потенцијалните предизвици и опасности (закани). 3. Следете ја конкуренцијата. Конкуренцијата може да прави нешто корисно, кое и вие можете да го вметнете во вашиот бизнис и да заработите повеќе. 4. Бидете креативни и подобрете го вашиот бизнис. Секогаш барајте начини да го подобрите вашиот бизнис. Признајте си себеси дека не знаете сè и бидете отворени за нови идеи и за нови начини на работа. 5. Обезбедете добра услуга. Постојат многу успешни бизниси кои забораваат дека добрата услуга е мошне важна. Ако им обезбедите подобра услуга на вашите купувачи, следниот пат, кога ќе им треба нешто, тие ќе бидат порасположени да дојдат во вашата продавница, наместо да одат во соседната. 6. Бидете доследни. Доследноста е клучна компонента кога станува збор за задоволството на купувачите. Најдете ја најдобрата страна на вашиот бизнис (услугата, амбиентот, вработените...) и обидете се да ги задржите купувачите. Ова ќе ви донесе лојални муштерии и ќе ви помогне да водите успешен бизнис на долги патеки.