Globe 4 4 | Page 5

Интервју со стручен соработник

5.Од вашето искуство, кои се и недостатоците во оваа работа?

Оваа работа како и секоја друга има и свои недостатоци, покрај големите предности, што е и нормално. Тоа не е недостаток туку некогаш претставува само замор, кога на училиште ќе се појават повеќе проблеми во текот на денот, па кога си одам дома немам многу енергија за себе и своите...Но, покрај тоа еден добар психолог има време секогаш и секаде, а за мене лично многу поголем недостаток е тоа што многу малку кај нас знаат што е психологијата и малку и придаваат значење на оваа беспрекорно „најдобра“ наука.

6.Според досега најпознатото мислење, психологот во училиште е оној кој „ги кара“ учениците кои имаат лошо поведение, им пишува укори, и се ангажира за слични проблематични случаи, па затоа е често извртена перцепцијата за се’ она за кое психологот има улога во училиштето, всушност, за што се’ можат да ви се обратат учениците?

Да, ќе се надоврзам на претходниот одговор, сето тоа е така кај нас, бидејќи како што реков не знаеме која е улогата на психологот општо. Тој не е само да ги укорува или кара нашите ученици, туку да ги советува. Тие во секое време може да се обратат кај психологот и да побараат поддршка или помош за нивните проблеми.

Да се игнорира она традиционално во нив, дека „кај психолог одат само ненормални личности“ или „тебе нешто ти фали, ти си за на психолог“ итн.

7.Освен тоа што го правите животот во училиштето поквалитетен, доколку имате магично стапче што би промениле еднаш засекогаш?

Магично стапче нема, ниту нешто може да се промени еднаш засекогаш или да се промени многу брзо. Промените се тешка и напорна работа, но треба да се одвиваат. И психолошките промени не се баш најлесни и тука нема магично стапче, туку напорна работа која треба да се работи со љубов, пред сè, со внимание и големо трпение.

8.Што би им посочиле на оние на кои им е привлечна оваа работа?

Да ја работат со љубов, бидејќи психологија со сила нема успех. Би им предложила да работат на оваа тема или проблематика, да решаваат психолошки проблеми и да им помагаат на луѓето, но за тоа треба добро да ги познаваат. А за да ги познаваме добро другите, прво треба да се спознаеме самите себе си. Така зборува психологијата: „Спознај се самиот себе си, за да можеш да ги запознаеш подобро и другите!

5