Започна да се гради партерното уредување и тениското игралиште во Добромири
За околу два месеци новачкото село Добромири ќе добие модерно партерно уредување и тениско игралиште со трибини. Градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски вели дека за партерното ќе се издвојат нешто повеќе од 2 милиони денари средства од буџетот.
„ Планираме градежните работи да финишираат за два месеци и партерното уредување и тениското игралиште да им биде ставено во функција на локалните жители. Вакви партерни уредувања и игралишта направивме во многу села а планираме такви да се изградат во сите населени места кои се под наша надлежност и каде има поголем број жители“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Во придобивките на партерното уредување и тениското игралиште ќе уживаат околу 300 жители на село Добромири. Општина Новаци го прослави верскиот празник Мала Богородица
Дворот на прекрасниот пелагониски манастир посветен на мајката Божја беше претесен за да ги собере сите верници кои дојдоа да го прослават Рожденството на мајката над сите мајки Богородица. Општина Новаци веќе цела недела се подготвуваше за прославата и народниот собир кој традиционално секоја година се одржува во дворот на манастирот. Десеттина работници неуморно работеа, секој ден го чистеа манастирот и го уредуваа дворот за достојно да се прослави овој голем верски христијански празник, вели градоначалникот на општина Новаци, лазар Котевски. „ Овој ден е голем ден за нашата општина затоа што постои традиција која години наназад се почитува, поточно од кога е изграден манастирот во Новаци. Секоја година се организира верска прослава но и народен собир во дворот на манастирот а се назначува и кум на прославата кој дава ручек за присутните верници. Оваа година тоа е ЈП „ Стрежево“ од Битола. Општината редовно се грижи за одржувањето на манастирот која е една од најубавите во Пелагонија“ вели градоначалникот на општина Новаци, Лазар Котевски.
Во животот на христијаните ликот на Пресвета Богородица, мајката на Исус Христос, зазема посебно значајно место. Македонскиот народ секогаш со достојно внимание прославува неколку празници поврзани со името на Пресвета Богородица: Мала и Голема Богородица, Собор на Пресвета Богородица и други. Народот верува дека Света Богородица е заштитничка на леунките и дека им помага на жените кои немаат пород.
5