Информатор на општина Новаци 28 | Page 6

Прва средба на градоначалниците на Новаци и Лудбрег,Хрватска Градоначалникот на општина Новаци Лазар Котевски е домаќин на делегација од Хрватска предводена од градоначалникот на општина Лудбрег г -динот Дубравко Билиќ.На средбата присутвуваа Бранко Маретиќ, Златко Стојчевски од Ансамблот за фолклор „Плетенка“ од Битола и Благој од КУД Новаци.„Ова е наша прва средба на која ќе се запознаеме меѓусебно, ќе ги претставиме нашите карактеристики, ќе ги утврдиме можностите и полињата за соработка и размена на искуства.Подетално ќе го договриме концертот кој утре треба да се одржи во дворот на општинската зграда на која со неколку танци ќе настапи хрватското друштво а потоа ќе настапи играорната група КУД Новаци.Ова е наша прва соработка која понатаму ќе се развива и продлабочува. “ рече Лазар Котевски,градоначалник на општина Новаци.„Хрватска и Македонија соработуваат на многу полиња, таква ќе биде соработката помеѓу нашите две општини. Покрај културната соработка ние понатаму ќе соработуваме и на полето на ЛАГовите затоа што градоначалникот ме информира дека во општина Новаци +B