Информатор на општина Новаци 28 | Page 5

Министерот за странски инвестиции Бил Павлески во посета на општина Новаци Градоначалникот на Општина Новаци Лазар Котевски беше домаќин на министерот за странски инвестиции на РМ, Бил Павлески и странски инвеститори од Унгарија и Америка. „Во нашата општина гости ни беа една поголема делегација странски заинтересирани инвеститори од Унгарија и Америка предводена од министерот за странски инвестиции на Република Македонија Бил Павлески.Јас ги запознав со нашата општина можностите кои ги нуди за инвестирање, минералните суровини со кои располага, ги информирав дека имаме индустриска зона која наскоро ќе започне со работа, и ги повикав дека се добредојдени да отворат сови бизниси на териториајта на општина Новаци“ рече градоначалникот Котевски. Ова е прва посета на министерот за странски инвестиции на Новаци која во иднина ќе донесе отворање на нови бизниси и нови работни места за жителите на оваа пелагониска општина. 5