на услуги. Сите партнери заедно треба да ја имаат истата цел, а тоа е да им помогнат на сексуалните работници да направат промени и од ранливи да станат стабилни и силни личности. Знаејќи дека 116 држави сметаат дека сексуалната работа е криминал и поголемото мнозинство од државите имаат други казнени закони кои се користени против сексуалните работници, треба да се превземат заштитни мерки кои што им даваат сигурност на сексуалните работници дека тие нема да се соочат проблеми, да не се плашат дека со идентификувањето дека се сексуални работници ќе бидат малтретирани или дека ќе бидат уапсени, а исто така и дека повеќе нема да бидат одбивани од пружателите на здравствени услуги.
1.2.2 Поттикнување на сексуалните работници на теренска работа
Постои разлика помеѓу програмите што се за сексуалните работници и оние кои се водени од страна на сексуалните работници( табела 1.1). Овој елемент од процесот на зајакнувањето на заедницата, од пружателите на услуги бара да размислат како тие од пружатели на услуги на сексуалните работници да станат организации за сексуални работници и на крајот тие самите да станат работодавци на пружателите на услуги.
Иницијативите водени од сексуалните работници работат на тој принцип што сексуалните работници се најкомпетентни за да си помагаат едни со други, не само за намалување за ризикот за нивната сигурност и здравје, туку и да ги промовираат и заштитат нивните освновни човекови права.
Сексуалните работници треба да се движечката сила во целните програми за справување со ХИВ и сексуална работа. Не е доволно да се направат само консултации со сексуалните работници пред да почне да се создава програмот, туку програмите треба да бидат базирани исклучиво на потребите на сексуалните работници, нивните гледишта и искуства.
9