1.2.1 Работење со заедници на сексуални работници
Зајакнувањето на заедницата е процес кој зема значително време и напори, посебно затоа што сексуалната работа во повеќе контексти е стигматизирана и криминализирана. Довербата, почитта и емпатијата се многу битни за сите партнери. Градење на довербата вклучува третирање на сексуалните работници со достоинство и почит, слушање и решавање на нивните грижи и работење со нив во тек на процесот на развивање и воведување на интервенциите. Целта е да се започне програм кој што ќе биде воден од сексуалните работници во целосност и каде што сексуалните организации водени од заедницата се почитувани како партнери од официјалните пружатели на здравје, спроведување на законот и општествени услуги.
Кутија 1.1
Значајно учество
Значајно учество значи дека сексуалните работници:
• Бираат како ќе бидат претставени и од кого
• Бираат како ќе бидат вклучени во процесите
• Бираат дали ќе учествуваат
• Имаат еднаков глас во управувањето на партнерството
Значајното учество на сексуалните работници е важно во градење на довербата и воспоставување на врските и партнерството кои што имаат интегритет и се одржани( види Кутија 1.1). Oва може да биде предизвикувачки за пружателите на услугите кои се навикнати на утврдување на параметрите во рамките на кои се пружаат услугите како и пропишување на односите и партнерствата кои треба да бидат спроведени. Како што сексуалните работници и организациите за сексуалните работници се зајакнуваат со тек на времето, ќе има повеќе очекувања за поделба на моќта и нејзино пренесување( Поглавје 6, секција 6.2.8). Во почетните фази на зајакнување на заедницата, сексуалните работници може да имаат помалку искуство во организирање на групи. Националните, регионалните и глобалните организации предводени од сексуалните работници се во можност да обезбедат основна техничка помош и поддршка( Поглавје 6, секција 6.6). Сојузниците исто така имаат многу важна улога во олеснувањето на значајното учество на сексуалните работници со заедницата која заедничка цел и е самоуправување.
Партнерствата се од голема важност, но тие мора се градат и одржуваат на начин кој што не им наштетува на сексуалните работници. Исклучувањето од општеството, казнените закони, толерирање на насилството, стигмата и дискриминацијата не само што влијаат на секојдневниот живот на сексуалните работници, туку влијаат и врз однесувањето на службените лица и пружателите
8