Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 225

6.2.7 Поставување на систем за надзор Редовно закажани состаноци за надзор помагаат да се создаде “култура на употреба на податоците” што овозможува корективни мерки и постојано подобрување на сите нивоа, како и самостојно решавање на проблемите. Периодичните состаноци треба да се закажуваат за да се прегледаат податоците на секое ниво, од теренски социјални работници, до персоналот од НВО, до државно/општинско ниво, до централна управа. Посети од надзорот исто обезбедуваат квалитативни информации за имплементација за да помогнат да се претртават информациите и да се најдат решенија. Како пример, систем за надзор и прегледна програма употребувани за голем проект во Индија прикажани на слика 6.6, заедно со нивото на податоци што беше употребено како дел од прегледот. Треба да забележиме дека состаноците на месниот комитет и состаноците од редовниот надзор помеѓу социјалните општински работници и нивниот надзор/менаџери се два начини преку кои можат да се соберат квалитативни и квантитативни податоци за пр