200
При оваа фаза на имплементација, акцент се става на покриеноста на општеството со услуги и подобрување на квалитетот на услугите. Оваа фаза на дистрибуција е постојан процес во кој менаџирањето на сите нивоа го прегледува напредокот во целта и ги прилагодува стратегиите и тактиките, како што е потребно. Корекциите на средина на процесот се засноваат на нови податоци, нови пристапи или структурални промени или промени во околината кои влијаат на развитокот на програмата. Интензитетот и квалитетот на покриеност се зголемува со подобрување на вештините на персоналот во својата позиција. Во текот на оваа фаза флексибилноста и постојаното учење на програмата се од големо значење. Силен систем за надгледување со постојан преглед е од суштинско значење за успешна дистрибуција на услугите. Исто така ги известува на финансиерите и владата дали програмата е успешно имплементирана.
Ц. Цел кон подобрување на системи, промена на социјална норма и зголемена истрајност
Крајната цел на имплементација на програмата е да се обезбедат услуги за да се намали преносливоста на ХИВ и СТИ и да се лекуваат ХИВ и другите поврзани инфекции, давајќи им слобода на сексуалните работници да учествуваат и прогресивно да ја изградат својата способност, да ја имплементираат програмата, и да се соочат со структуралните бариери преку застапништво и промена на политиката. Ова ја прави програмата поефективна и поодржлива.
• Сексуалните работници придонесуваат во спроведувањето на теренската работа, дистрибуцијата на кондоми и лубриканти и олеснување на ефективни клинички упати
• Сексуалните работници имаат доволно индивидуални и колективни агенции на кои можат да им се обратат при проблеми со полицијата, со здравствениот систем, владата или други сексуални работници
• Сексуалните работници имаат позиција на локално ниво, на ниво на област, и на национално ниво за учество во планирањето на одговорните за испорака на услугата и одговор на насилството
• Променливите социјални норми помеѓу сексуалните работници и клиентите ја прават употребата на кондом рутина
• Сексуалните работници имаат пристап до здравствени услуги без стигма и дискриминација со истата фреквенција како целата популација
• Материјалите на основните елементи се адекватната превенција, како преку социјален маркетинг и механизмите за набавка и дистрибуција, и програмите за сексуални работници како дел од системот за следење
Имплементација на програмата во оваа фаза е прашање на зајакнување на системите, решавајќи ги структуралните бариери и зајакнувајќи ги заедниците при симултано обезбедување и мерење на услуги. Некои од претходните интензивни активности можат да бидат редуцирани како општествени норми во однос на промената на употребата на кондом и употреба на клинички услуги Д. Од проширување на опсегот до додавање на услуги
Кога веќе инфраструктурата, општествената посветеност и покриеност се поставени и програмата функционира добро, релативно лесно е да се додадат услуги