Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 21

однесуваат на програмските грешки, туку тие издвојуваат специфични аспекти поврзани со програмите за сексуалните работници кои што влијаеле позитивно врз нив. Целта на овие примери е да се илустира како еден проблем или предизвик треба да се надмине и да се поттикне инспирацијата за нови идеи кои што можат да бидат во корист на читачот на овој документ. Формите, табелите, графиците претставени од различни програми ја имаат истата намена. Секое п оглавје завршува со листа на алатки за ресурси, упатства и други практични публикации кои се достапни и на интернет; статии за понатамошни читања и некои други публикации со цел да се обезбедат истражувачки или академски перспективи на некои точки во поглавјето. Навигација во и помеѓу поглавјата Иако секое поглавје е поделено за информациите да може да се најдат полесно, читателот се советува да не ги гледа различните услуги и интервенции опишани во поглавјата како посебни и индивидуални, бидејќи сите тие се поврзани едни со други. Дадени се референци на секое поглавје за да му помогнат на читателот во поврзувањето на работите. Превенција и третман на ХИВ и други СПИ за сексуалните работници во земјите со ниски и средни приходи Препораките од 2012 година вклучуваат технички препораки базирани на докази следејќи ја GRADE методологијата, како и препораките за добра практика. Препораките базирани на јасни докази се поддржани не само од научните докази, туку и од доказите од вистинските искуства на сексуалните работници околу светот. Добрите практични препораки се општи принципи кои произлегуваат од здравиот разум, етичките и принципите на човековите права. Овие препораки не се базирани на научни докази и не поминале низ GRADE методологијата, туку информациите се добиени исклучиво од искуствата на сексуалните работници и треба да се промовираат во сите интервенции со сексуалните работници. Препораки за добра практична работа 1. Сите држави треба да работат кон декриминализација на сексуалната работа и елиминација на неправеднaта примена не некривичните закони и регулации против сексуалните работници. 2. Владата треба да воспостави анти дискриминаторни и други закони за права, со цел да ги заштити работниците од дискриминација и насилство, како и други права за насилство за работниците да ги осознаат нивните човекови права и да се намали нивната ранливост кон ХИВ инфекции и дејството на СИДА-та. Анти дискриминаторните закони и регулации треба да им гарантираат на сексуалните работници права на социјални, здравствени и финансиски услуги. 3. Здравствените услуги треба да бидат достапни, пристапни и прифатливи за сексуалните работници базирани на принципите за избегнување на стигмата, не-дискриминацијата и правото на здравје. 4. Насилството врз сексуалните работници е ризичен фактор за ХИВ и мора да се спречи со помош на партнерство со сексуалните работници и организациите водени од сексуални работници. XVIII