Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 20

Поглавје 1 – Зајакнување на заедницата e oсновата на оваа алатка. Ова поглавје опишува како зајакнувањето на заедницата на сексуални работници е само по себе интервенција, а и има многу голема важност за ефективно планирање, спроведување и следење на сите аспекти за превенција, третман и грижа за ХИВ и СПИ.
Поглавје 2 – Справување со насилството врз сексуалните работници се фокусира на една од најитните потреби на сексуалните работници: да бидат заштитени од насилство, дискриминација, силување и други форми на насилство врз човековите права. Ефективноста на интервенциите за превенција на ХИВ / СПИ е често компромитирана кога интервенцијата за спречување на насилството не е спроведено истовремено.
Поглавје 3 – Услуги водени од заедницата: Како зајакнување на заедницата, пристап кон планирање воден од заедницата, пружањето и следењето на услугите за сексуалните работници е многу важно за програмите да бидат поефективни и поиздржливи. Ова поглавје ги опишува принципите на услугите водени од заедницата и покажува како тие се применети на терен и на безбедните места.
Поглавје 4 – Програмата за кондоми и лубриканти претставува детален опис за тоа како треба да се планира и примени поделбата на машките и женските кондоми и лубриканти, користејќи го пристапот спомнат во претходното поглавје. Ова поглавје покрива планирање и ракување со адекватните резерви, промоција на производите на повеќе нивоа и создавање на поволни услови.
Поглавје 5 – Клинички и услуги за поддршка претставува детален опис за основна превенција, третман и интервенции за грижа, користејќи го пристапот даден во претходното поглавје. Опишаните услуги вклучуваат доброволно тестирање и советување за ХИВ, антиретровирусен третман, третман за СПИ и други инфекции, како туберкулоза и вирален хепатитис, дополнителни услуги, како што се сексуално и репродуктивно здравје, намалување на штетите на сексуалните работници кои вбризгуваат дрога, нега после силување и ментално здравје.
Поглавје 6 – Програмско ракување и организациско градење на капацитетот обезбедува насока за практично планирање, започнување, подобрување, ракување и следење на ефективен програм од две перспективи: 1) широк повеќестран програм со централизирано ракување и повеќе организации за спроведување и 2) групи на локални заедници кои бараат да почнат или да го прошират пружањето на услуги.
Кои се клучните елементи на секое поглавје?
Секое поглавје започнува со вовед кој ја дефинира темата и објаснува зошто е таа значајна. Воведот презентира една или повеќе од Препораките од 2012 година, каде што се претставени основните принципи, соодветно за секое поглавје. Интервенциите се исто така детално објаснети, расчленети на чекори или фази, со цел да биде полесно следењето. Темите или точките од посебен интерес се ставени во посебни текстуални квадрати. Примерите од програмите широко околу светот се претставени во засенчени квадрати со јаки бои. Овие примери не го објаснуваат програмот во целина, додека бројни публикации се
XVII