Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуални работници Воведување на сеопфатни ХИВ/СПИ програми со сексуа | Page 204

проценетата населеност на сексуалните работници) и на оваа изведба можеби ќе треба дополнително внимание за подобрувањето на управувањето. Добро дизајниран систем за следење: • овозможува пријавување на индикатори за да се развијат податоците кои рутински се собираат и се корисни за програмата и управување со одлуки на нивото каде што се собираат. Податоци кои не се корисни нема да бидат приоритет и често нема да бидат од висок квалитет. Имајте на ум дека за секое ниво на имплементација и управување, можат да се соберат дополните информации бидејќи не се пријавени на надлежните организации, но се користат за да се подобрат услугите. • ги доловува интеракциите на сексуалниот работник со теренски работници или клинички услуги (на пример формален контакт со работник во заедницата, присуство на клиника, упатен за услуга, итн) со минимална попреченост (ограничен пренос и вкрстено објавување на податоци) • има јасни дефиниции, индикатори и постојана контрола на квалитетот на податоците • собира нови податоци секојдневно , но ја задржува способноста за навлегување длабоко во стари податоци. Кутија 6.2 Пример за случај: Користење на рутинско следење на податоци и квалитативни интервјуа со цел да се подобрат услугите во Индија Дистрибуција на бесплатни кондоми за сексуалните работници преку редовни теренски работници е суштинска компоне